Wu-Tang Clan издаваат своја криптовалута

Само месец дена по нејзиното деби, криптовалутата лансирана од имотот на починатиот член на Wu-Tang Clan, Ol ‘Dirty Bastard (ODB), напредува – почнувајќи од својата јавна претпродажба која започнува оваа недела

Во март, изведувачот Young Pratti – син на ODB, чие вистинско име е Барсон Џонс – разговараше со медиумите за планот за создавање на криптовалута на која таргетот се фановите, изградена мрежата на блокчејнот на ТАО и со која може да се тргува на AltMarket берзата (која е домаќин на пред-продажбата).

И можеби за разлика од другите криптовалути кои се поддржани од славни личности – област за која Комисијата за хартии од вредност зазеде строг став – оние зад ODBCoin велат дека обрнале посебно внимание кон лансирањето.

“Моравме да одвоиме време за да сфатиме што се случува точно”, изјави Young Dirty во едно интервју.

Брајс Винер, извршен директор на AltMarket, го опиша ODBCoin како “комерцијален производ, како маица, што го прави производствена стока” во очите на американските регулатори.

Идејата е дека ODBCoin (порано позната како Dirty Coin) ќе биде првата од планираната серија на брендирани криптовалути издадени од разни артисти. Наместо да служат како средства за инвестирање, токените се наменети да дејствуваат како еден вид поттик за љубителите на изведувачите како Young Dirty, овозможувајќи им да бидат потрошени на шоуа или на комерцијални производи.

Употребата на блокчејн како дел од шемите за инвентивни мерки за потрошувачите беше истражувана во минатото од страна на бројни компании, меѓу кои и American Express и Singapore Airlines, меѓу другите.

Но, најблизок аналог е веројатно проект за лојалност, кој ги вклучува IBM и China UnionPay, кои во 2016-та година претставија proof-of-concept кој направи корисниците слободно меѓу себе да си разменуваат поени за стимулација. Тоа е оној вид комодификација што креаторите на ODBCoin се обидуваат да ја усвојат – и која навистина ќе биде прифатена од фановите на изведувачот.

“Тоа е одличен начин да се поврзам со фановите и да ги наградам за нивниот интерес. Со нетрпение очекувам да креирам уште подобра музика што би го направило тато горд”, објасни Young Dirty.

На крајот на краиштата, целта на ODBCoin е да го отвори патот за други изведувачи да создадат слични токени, а Винер вели: “Ние ќе го објавиме нашиот следен проект по завршувањето на оваа продажба”.

“Ние сме многу горди на одговорот од музичката индустрија и со нетрпение очекуваме да станеме дом на едни од најголемите имиња во музиката”, изјави Винер.

Leave a comment