Walmart бара од одредени добавувачи на производи да ја усвојат блокчејн технологијата

Американскиот малопродажен гигант “Walmart” и неговиот подгранок Sam’s Club, магацини за складирање на мало само за членови, ќе бараат добавувачи на лиснати зеленчуци за спроведување на систем фарма-продавница, базиран на блокчејн технологија, објави Reuters  на 24-ти септември.

Системот end-to-end за следење се базира на ledger технологијата (DLT) развиена од компјутерскиот гигант IBM. Според извештајот, Walmart ќе побара од добавувачите да имплементираат блокчејн технологии до септември 2019-та година.

Заменик-претседателот на компанијата за безбедност на храната, Френк Јианас, изјави дека Walmart ќе бара сличен систем за следење “за другите снабдувачи на свежо овошје и зеленчук во текот на следната година.” Walmart изјави за Bloomberg дека повеќе од 100 компании ќе треба да ја спроведат блокчејн услугата на IBM.

Walmart тврди дека имплементацијата на блокчејн ќе ја “драстично [подобри] ефикасноста”. Френк Јианас спроведе експеримент за следење со мангото, барајќи од неговиот тим да го следи тој производ назад до фармата:

“Потребни се скоро седум дена, бидејќи методите за следење денес се застарени – понекогаш се прават со молив и хартија.”

Компанијата тврди дека со блокчејн технологијата, тој процес ќе потрае само 2,2 секунди.

Според Reuters, Американските центри за контрола на болести и превенција (CDC) се консултирале со Walmart за да ја подобрат следливоста на производот, со цел да им помогнат на здравствените служби да следат и да управуваат со епидемиите на болести поврзани со храна.

Претходно оваа година, пет лица загинаа, а уште десетици други беа хоспитализирани во појавата на вирусот E. Coli во САД. CDC проценува дека вкупно се заразени над 200 лица.

Неодамна, Walmart ги поднесе патентите поврзани со технологијата за неколку различни намени на блокчејн, вклучувајќи подобрување на безбедни испораки, методи за управување со паметни апарати и информативен систем за здравствена заштита, меѓу другите. Во јуни, Walmart и уште девет други компании соработуваа со IBM за лансирање на систем за следење на храна преку синџирот на снабдување на глобално ниво.

Leave a comment