Visa се приклучи нa меѓународните провајдери на плаќања базирани на блокчејн

Visa лансираше бизнис-кон-бизнис платен систем  (B2B) за трансакции делумно базирани на блокчејн технологија. Американскиот гигант вели дека неговата платформа, наречена Visa B2B Connect, нуди беспрекорна обработка на прекугранични плаќања за институционалните клиенти без да помине низ комплексната мрежа на посредници.

Притоа, Visa станува најновиот учесник во арената за обработка на плаќања базирани на блокчејн. Овој потег ја доведува компанијата во директна конкуренција со крипто стартапи како Ripple и мејнстрим играчи, како што се Barclays и BNY Mellon со нивниот проект Utility Settlement Coin (USC) под покровителство на конзорциумот Fnality.

Visa B2B Connect – три години во изработка

Visa ги објави плановите за изградба на блокчејн-базирана мрежа за деловни исплати уште во 2016-та година. Во тоа време, гигантот за исплата на кредитни / дебитни картички изјави дека услугата ќе се развива во партнерство со блокчејн стартапот Chain.

Според изјавата на поранешниот извршен претседател за стратешки партнерства и иновации, Џим Мекарти:

“Времето никогаш не било подобро за глобалната бизнис заедница да ги искористи новите технологии за плаќање и да ги подобри некои од најфундаменталните процеси потребни за водење на нивниот бизнис. Ние го развиваме нашето ново решение за да им овозможиме на партнерите на нашата финансиска институција ефикасен, транспарентен начин на правење исплати низ целиот свет.”

Почетната временска рамка на Visa вклучуваше и лансирање на пробен тест во 2017-та година, но компанијата мораше да се движи по посложен пат од првично предвидениот. Компанијата го замени Chain како свој партнер на проектот, наместо него избирајќи ја fintech фирмата FIS, операторот за електронско плаќање Bottomline Technologies и IBM.

Почнувајќи од 2017-та година, компанијата почна да објавува слободни работни места за крипто и блокчејн експерти за да работат на нов платежен портал. Во март 2019-та година, компанијата исто така објави уште еден список на работни места за специјалисти во решенија за крипто платежни услуги.

Три години подоцна, Visa конечно тргна напред со отпочнувањето на својата платежна услуга, која ветува порамнувања скор во релано време за B2B трансакции. Во еден блог пост објавен од страна на Visa на 11-ти јуни, компанијата ја опиша платформата како одговор на проблемите со кои се соочуваат бизнисите за прекуграничните трансакции.

Извадок од изјавата на компанијата гласи:

“Visa B2B Connect има различен пристап, претворајќи недели во еден или два дена. Платформата која не е базирана на картичка – прва од ваков вид – го отстранува триењето на процесот преку забрзување на трансакциите директно од банката од која потекнуваат до банката корисник – и не се потребни посредници.”

Поедноставување на меѓубанкарски трансакции за бизнисите

Според компанијата, новоразвиениот систем има за цел да го поедностави процесот на деловни плаќања ширум светот, со што ќе се елиминира процесот на сложен проток на трансакции кои се вклучени во меѓубанкарските решенија за комерцијални плаќања.

Во соопштението за лансирање на 11-ти јуни, компанијата откри дека платформата Visa B2B Connect сега е достапна на 30 пазари низ целиот свет. Visa има планови за тројно зголемување на досегот на услугата, со што платформата ќе функционира на 90 пазари ширум светот пред крајот на 2019-та година.

Од гледна точка на технологијата, платформата не е целосно реализирана блокчејна мрежа. Наместо тоа, Visa B2B Connect презема одредени елементи на дистрибуирана ledger технологија (DLT) за да создаде меѓубанкарска мрежа за решавање на деловни трансакции. Тимот на девелопери го искористи Hyperledger блокчејнот со отворен код, креиран од Linux Foundation.

Детали објавени од страна на Visa покажуваат дека платформата е мрежа која не е базирана на картичка, составена од компании и банки-учеснички. Таа им овозможува на бизнисите директно да соработуваат едни со други низ целиот свет преку нивните банки, при што Visa B2B Connect дејствува како единствена врска помеѓу сите субјекти што вршат трансакција.

Марта Пиекарска, директорка на Hyperledger екосистемот во Linux Foundation, ја објасни улогата на компанијата во проектот, велејќи:

“Ние [Linux Foundation] го обезбедуваме основниот слој на кој програмерите можат да ги градат своите проекти. Visa се интегрираше со Hyperledger Fabric 1.0 за да ја создаде B2B Connect платформата. Тие [Visa] се здружија со IBM за имплементирање на инфраструктурата за платните технологии.”

Visa B2B Connect платформата ги елиминира непотребните процедури и ги заменува со централизирана услуга која ги поврзува компаниите и нивните банки низ целиот свет. Освен намалување на трошоците и времето за меѓубанкарски плаќања, од Visa велат дека нивната платформа го решава проблемот со недоследности во протокот на податоци.

Сепак, со системот Visa B2B Connect, на компанијата ќе и треба само интерфејс со централизирана платформа која се занимава со исплаќањата на субјектите кои ги примаат исплатите во различни банки низ целиот свет. Учесниците, исто така, ќе можат да го следат напредокот на трансакциите во реално време, што би можело значително да ја подобри транспарентноста на плаќањата помеѓу меѓународните бизниси.

Сериозен конкуренција на Ripple?

Со оглед на таргет пазарите на овие новонастанати мрежи за плаќање, постои прашање дали овие проекти може да претставуваат сериозна конкуренција за крипто стартапот Ripple. Откако започна со работа, Ripple постојано ја повторува својата намера да стане де факто глобален стандард за обработка на плаќања во странство.

Ripple продолжува да потпишува партнерства со банките ширум светот, поттикнувајќи ја употребата не само на неговиот ledger и платежни производи, туку и на XRP криптовалутата – така што ја зголемува својата корисност. Со банките на Вол Стрит и големите корпорации кои влегуваат во арената за блокчејн плаќања, Ripple може да се соочи со зголемена конкуренција за релевантност во развојната арена на дигитални плаќања. Сепак, прерано е да се каже која компанија ќе воспостави доминација се додека овој простор не се реализира целосно.

На пример, платформата Visa B2B Connect ветува трансакција за 24 до 48 часа. Ова потребно време е значително побавно од она што го нуди SWIFT Global Payment Initiative (GPI), која ги исплаќа исплатите во просек од 24 часа.

На главниот ledger на Ripple, просечното време на порамнување е околу четири секунди, и може да се справи со приближно 1.500 трансакции на еден синџир во секунда. Ripple, исто така, наплаќа значително пониски надоместоци – дури и кога ќе се спореди со другите блокчејни мрежи – со просечна цена на трансакциски трошок од околу 0.0004 американски долари.

Leave a comment