University of Malta лансираше блокчејн и DLT стипендиски фонд

University of Malta соработуваше со Агенцијата за информатичка технологија на Малта (MITA) за да воспостави стипендиски фонд за блокчејн и дистрибуирана ledger технологија (DLT) во вредност од 300.000 евра (351.000 долари), објави Times of Malta на 29-ти август.

Новата стипендија е насочена кон студенти кои студираат информатичка и комуникациска технологија (ICT), право, финансии и инженерство, и ќе бидат поделени во текот на три години. Почнувајќи од оваа наредна академска година, студентите можат да аплицираат за стипендија за комплетирање на нивните магистерски и докторски дисертации во блокчејн и DLT.

Овој потег доаѓа по владините напори за привлекување на блокчејн компании во Малта преку обезбедување на доволен капацитет за персонал на локално ниво. Силвио Шембри, парламентарен секретар за дигитална економија, рече дека би сакал да види од дипломираите Малтези со важна положба во оваа област:

“Овие компании имаат потреба од технички ресурси и за изградба и за работа со користење на оваа технологија, како и од експерти за финансиски услуги, право и менаџерски позиции.”

Универзитетскиот ректор Алфред Вела изјави дека универзитетот бара интегрирање на единиците кои се однесуваат на DLT, блокчејн, дигитални валути, вештачка интелигенција (AI), fintech и regtech во додипломските и мастер програми по право, финансии, ICT и други области. Извршниот претседател на MITA, Тони Султана, истакна дека агенцијата спроведува слични иницијативи во другите образовни институции.

Малта е позната по својата крипто-френдли околина и нејзините јавни напори да стане “блокчејн остров”. Минатиот месец, Парламентот на Малта усвои три нацрт-заони кои воспоставуваат регулаторна рамка за блокчејн технологијата, со што островската нација стана пионер во обезбедувањето солидна законска рамка за блокчејн компаниите.

Во мај, министерот за транспорт на Малта најави партнерство со Британскиот middleware блочејн стартап Omnitude за да го подобри Малтешкиот сервис за јавен транспорт со имплементирање на дистрибуираната ledger технологија.

Дополнително, Малтешката гејминг управа (MGA) предложи насоки за блочејн и крипто-апликации во индустријата за игри, со цел да се применат стандардите за игри кои користат криптовалутии и блокчејн технологија.

Leave a comment