U.S Marshals поставија повеќе од 600 конфискувани биткоини на аукција

Федералната агенција за спроведување на законот во рамките на американското Министерство за правда неодамна објави аукција за околу 660 конфискувани биткоини (BTC), објави во четвртокот на 18-ти октомври, U.S. Marshals Service (USMS).

Аукцијата, која ќе се одржува од USMS, ќе се одржи на 5-ти ноември, но учесниците треба да се пријават најдоцна до 31-ви октомври и да уплатат 200 000 долари за да учествуваат.

Аукцијата е поделена на два дела: првата е составена од шест групи од 100 BTC, а втората со 60 BTC. Откако ќе се постави понуда, учесниците нема да можат да ја променат или да ги видат другите понуди.

Агенцијата вели дека биткоините за аукцијата биле запленети во разни федерални кривични, граѓански и административни постапки, вклучувајќи ги и случаите со Тереза Тетли и Томас Костанцо.

Како што претходно пишуваше Cointelegraph, Тетли се соочи со обвиненија во Калифорнија за наводно водење на нерегистриран мултимилионски бизнис за пренесување на биткоин-fiat пари. Таа наводно, заработила најмалку 300.000 долари годишно од нејзината компанија, а подоцна признала дека извршува нерегистрирана услуга, заедно со примање на пари вклучени во шверц со дрога.

Костанцо беше обвинет уште во 2017-та година за перење пари и водење на нелиценциран бизнис за пренос на пари. Оттогаш, тој е осуден за нелегално поседување на огнено оружје, како и марихуана.

Ова не е прва BTC аукција што ја организираат U.S Marshals: претходните две се одржаа во јануари и март, продавајќи повеќе од 3.800 и 2.100 монети, соодветно.

Leave a comment