Tron Foundation официјално го комплетираше купувањето на BitTorrent

Софтверскиот провајдер за споделување на фајлови BitTorrent, во вторникот објави дека нивното купување од страна на Tron Foundation сега е официјално завршенo.

BitTorrent изјавија дека сега ќе работи од новите канцеларии на Tron во Сан Франциско и ќе го поддржи глобалниот развој на блокчејн проектот, додека продолжува да им служи на 100 милиони корисници на BitTorrent низ целиот свет.

Според соопштението:

“Ние веруваме дека приклучувањето кон мрежата на TRON дополнително ќе го подобри BitTorrent и ќе ја забрза нашата мисија за создавање на Интернет со опции, а не правила.”

Веста за неизбежното купување стана јавна кон средината на јуни, кога ко-основачот на BitTorrent и поранешниот претседател, Ашвин Навин изјави за CoinDesk дека Tron за фирмата заработува 120 милиони долари.

Веста предизвика шпекулации дека по спојувањето BitTorrent може да почне да ги наплаќа корисниците со надоместоци во криптовалути. Сепак како што е соопштено, фирмата на својот веб-сајт напиша дека “не планира да го смени” својот бизнис модел и нема да наплатува надоместоци за било која од нејзините услуги. Понатаму, BitTorrent посочи дека “нема планови да овозможи фармање на криптовалути сега или во иднина”.

Според извештајот во Variety, основачот на Tron, Џастин Сан започнал со преговори за купување на BitTorrent во септември минатата година, со “no shop” клаузула што го спречи BitTorrent да разговара за можните спојувања со други потенцијални купувачи. Сепак, на 25-ти мај, BitTorrent, наводно, ја прекршил таа клаузула и Сан поднесе правни документи за тужба. Судбината на тужбата е непозната.

TRX блокчејн токенот на Tron сега е 11-тата најголема криптовалута со пазарна капитализација од 2,4 милијарди долари, според снабедните податоци од CoinMarketCap. Во мај, Tron го започна она што се нарекува ‘замена на токени’, префрлајќи го целиот TRX од ethereum во сопствениот блокчејн, наречен Odyssey 2.0.

Leave a comment