Tron тврди дека неговиот блокчејн е лансиран, но миграцијата со токени се уште не е завршена

Tron, децентрализираниот интернет проект вреден 3 милијарди долари, би можел да биде лансиран денеска, но неговата целосна “независност” од блокчејнот на ethereum се уште не е комплетна.

И покрај тоа што понеделникот беше наменет да служи како прослава за “Денот на независноста”, обележувајќи го и официјалното лансирање на својата главна мрежа и комплетирањето на своето заминување од неговиот поранешен сервер, ethereum, проектот успеа да го постигне само првото.

Поточно, основачот Џастин Сан за време на преносот во живо изјави дека Tron е се уште во процес на мигрирање на последните TRX токени на неговите корисници од ethereum кон неговата главна мрежа.

Како што претходно беше објавено од CoinDesk, Tron започна со размената минатата недела, што укажува на тоа дека размената ќе биде готова  на “Денот на независноста”, со цел носителите на токените да можат да го користат својот TRX за да гласаат на 27 блок валидатори во вторник.

Нарекувани “супер претставници” овие валидатори се натпреваруваат да произведат blocks како дел од делегираниот proof-of-stake систем на проектот (DpoS). Сепак, Сан сугерираше дека почетната временска рамка повеќе не е реална.

“Очекуваме да ги завршиме сите размени и миграција на токени во следните неколку дена”, изјави Сан.

Тој додаде дека Tron “веќе служеше” за една третина од размената кои го поддржуваат менувањето, и дека по завршувањето на преостанатите две третини, корисниците ќе можат да ги повлечат своите токени од платформите.

Продолжувајќи напред

Сепак, Сан изјави дека Tron има намера да продолжи со своите супер репрезентативни избори утре, иако посочи дека ова може да се развлече и во следните неколку дена.

“Веројатно овој изборен период ќе трае неколку дена,бидејќи повеќето од сопствениците на токени им е потребно време да ги добијат своите матични токени”, изјави тој за време на преносот во живо. Секој претставник мора да добие 100 милиони гласови или повеќе за да биде избран, а секој TRX токен претставува еден глас.

Иако изјавата на Сан сугерира дека некои корисници ќе мораат да чекаат за да гласаат, претставниците на проектот за време на преносот во живо рекоа дека сопствениците на токените можат да го завршат гласањето и да ги набљудуваат гласачките изборни процеси преку својата Tron Scan функција.

Порталот – кој ги следи информациите за blocks, трансакции, јазли и други компоненти на блокчејн – открива дека Tron досега има произведено повеќе од 10.000 трансакциски blocks на својата мрежа и може да се пофали со речиси 400 јазли. Оваа информација беше потврдена и од страна Сан по завршувањето на преносот во живо.

Според Tron, завршувањето на изборите ќе го означи почетокот на управувањето со блокчејн заедницата, кој го нарекуваат “завршната фаза на независен Tron”.

Leave a comment