TRON достигнa еден милион корисници за шест месеци од неговото лансирање

Блокчејн протоколот TRON (TRX) помина еден милион кориснички акаунти, според податоците објавени на 23-ти декември, кога директорите ја продолжуваат својата критика кон ривалот Ethereum (ETH).

Статистика од блокчејнот на ТРОN, објавена на социјалните медиуми од страна на Миша Ледерман, коосновач на спин-оф проектот IAmDecentralized.org, потврди дека мрежата сега има над еден милион акаунти.

ТРОN, кој ја започна својата мрежа во почетокот на оваа година, се обидува да стане екосистем за развој на програмери кои сакаат да создадат децентрализирани апликации (DApps).

Познат по јавното критикување на Ethereum, кој го претставува главниот ривал на ТРОN, извршниот директор Џастин Сан оваа недела предвидел “бавна имплозија” за altcoin-от.

Коментирајќи го обележјето со акаунтите, Ледерман посочи дека брзината со која се зголемува активноста е значително повисока од онаа на ЕТH.

“За споредба, (Ethereum) достигна 1 милион акаунти на 22-ри јануари, за 542 дена или 18 месеци од (Ethereum) Mainnet лансирањето”, напиша тој.

Одговорите подоле на ова, го истакнаа фактот дека Ethereum ја изградил својата корисничка база кога интересот за криптовалути бил маргинален во споредба со моменталните услови.

Други додадоа дека и покрај растот, цените на TRX од 0,02 долари се премали во споредба со ЕТH / USD, што дури и по падот од 90 отсто од највисоката стапка, се одржуваше вредност од околу 73 долари.

TRX покажа силен секојдневен раст оваа недела, пред корекцијата на крипто пазарите, кога токенот загуби 15 проценти во текот на 24 часа од прес време. ЕТH падна за 12,6 отсто во истиот период.

Leave a comment