Toyota ќе употреби блокчејн технологија за да ги намали измамите во дигиталните рекламни кампањи

Јапонскиот производител на автомобили Toyota се здружи со блокчејн компанија за рекламна анализа Lucidity да ја намали измамата при купување дигитални реклами, се вели во соопштението за печатот објавено на 16-ти октомври.

Порано позната како KR8OS, Lucidity е основана во 2017-та година во Лос Анџелес и нуди Ethereum блокчејн решение за следење на плаќањата во синџирот на снабдување, така што огласувачите можат да следат како се распределуваат нивните средства.

Преку новото партнерство со Lucidity, Toyota и глобалната рекламна агенција Saatchi & Saatchi, наводно, се обидуваат да постигнат транспарентност во дигиталната рекламна кампања на Toyota. Вредноста на пазарот за дигитални реклами во автомобилската индустрија беше проценета на скоро 15 милијарди американски долари во САД во 2018-та година.

Нанси Инуе, медиа директор во Toyota Motor North America, наводно, изјави за рекламната трговска публикација AdAge дека кампањата со Lucidity резултираше со 21 проценти повеќе во посети на веб-сајтот на Toyota. Како што објавија, Lucidity успеа да ги означи сајтовите и апликациите кои се високо впечатливи и кои личат на clickbait – што укажува на измама или инфилтрација на бот – за преместување на средства на сајтови со повисоки перформанси.

Инуе, наводно, изјави дека Toyota “сака да оди подлабоко во програмскиот простор, особено поради тоа што е област [каде] сосема искрено, немаме транспарентност и видливост”. Според AdAge, компанијата сега планира да го продолжи својот договор со Lucidity надвор од оригинално планираниот тринеделен тест. Инуе додаде:

“Ние сме во дискусии за да го однесеме ова на следното ниво и понатаму со дополнителни кампањи на подолг временски период. Сметаме дека ако соработуваме подолго, ќе видиме посилни резултати.”

Том Скот, медиа директор во Saatchi & Saatchi, изјави дека “дури и со високи стандарди за анти-измама и веќе изградени филтри за видливост, Lucidity успеа да обезбеди значителна додадена вредност и понатаму оптимизирајќи ја кампањата”. Тој додаде:

“Способноста да имате пристап до транспарентен, чист збир на податоци од целиот програмски синџир на снабдување е game-changing. Ние сме овластени да преземеме акција, и ова е прв пат да можеме да ја користиме блокчејн технологијата за да ги отстраниме отпадот и да го оптимизираме купувањето на нашите реклами на овој начин.”

Блокчејн е активно распореден во рамките на медиумската индустрија за да ги реши проблемите со транспарентноста како што се лажни traffic пресметки, ботови, domain spoofing, како и ревизија на рекламните трансакции. Во јуни, глобалниот рекламен софтверски гигант Mediaocean се здружи со IBM и почна да користи блокчејн за да ја зголеми транспарентноста кон “животниот циклус на парите кои ги плаќаат огласувачите за своите реклами”.

Leave a comment