Time Magazine вклучи блокчејн стартап во листата на 50 “Генијални компании 2018”

Американското списание Time вклучи блокчејн стартап во својата најнова листа на 50 “Генијални компании 2018”, објавена во четвртокот на 4-ти октомври.

Во составувањето на листата, списанието побара од нивните уредници и дописници да ги набројат “бизнисите кои ја измислуваат иднината”. Влијанието и успехот беа меѓу критериумите за избор. Bitland, блокчејн стартап со седиште во Гана, се приклучи на листата заедно со гиганти како Apple, Netflix, SpaceX и Domino’s.

Bitland, основана Наригамба Мвинсубо од Гана, користи блокчејн за да регистрира локално земјиште. Bitland соработува со локалните власти за да помогне во евидентирањето на правата на сопственост во децентрализиран, непроменлив формат.

Гана не е првата африканска земја која ги решава проблемите со сопственоста на земјиштето користејќи блочејн. Во август, владата на Замбија го објави своето партнерство со подружницата за регистрирање на земјиште на Американскиот малопродажен гигант Overstock.

Во други примери на блокчејн кои се користат на глобално ниво во индустријата за недвижнини, Шведската влада официјално започна да ја користи оваа технологија за регистрирање на земјиште во летото 2017-та година, додека претходно истата година, Грузија започна проект за регистрирање на својот прв имот на Биткоин блокчејн.

Leave a comment