Tехничкиот директор на Samsung NEXT ја вреднува децентрализацијата пред блокчејн

Децентрализацијата е поважен феномен отколку блокчејнот, изјави висок претставник на Јужнокорејскиот технолошки гигант Samsung во интервјуто за информатичкиот медиум JAX на 10-ти јанури.

Говорејќи за иднината на блокчејн, Рикардо Џ. Мендез, технички директор на подгранокот за иновативна технологија на компанијата Samsung, Samsung NEXT, предвидува консолидација на просторот во наредната година, но ја истакна важноста на преобликувањето на централизираните структури.

Запрашан дали мисли дека децентрализацијата е поважна од блокчејн, Мендез одговорил:

“Без двоумење. Блокчејн е само уште една алатка, и онаа што може да помогне во децентрализираните контексти, но алатка секогаш е помалку важна од целта.”

Оваа перспектива го става Samsung во нешто помала група на технолошки бизниси кои се залагаат за повеќе идеолошки аспекти на феноменот на блокчејн.

Поголемиот дел од големите играчи продолжуваат да бараат блокчејн како метод за рационализирање на операциите, како што се снабдувачки синџири, трошоци и документација, но ретко ги спомнуваат придобивките од децентрализиран систем сличен на оној на мрежата Биткоин (BTC).

Сепак, на темата криптовалути, Мендез сакал да го нагласи начинот на трансакција на многуте средства.

“Треба само да ги разгледате повеќето криптовалути, кои се целосно децентрализирани, но исто така и 100% јавни – нивната псевдонимност треба само еднаш да биде пробиена”, продолжи тој.

“Peer-to-peer пристапот бара од вас да ја емитувате вашата активност на јазлите, така што им треба дополнителен слој за приватност (како VPN или mix мрежа). Затоа, како индустрија, ние треба да станеме подобри во објаснувањето на корисниците за различни пристапи во тргувањето.”

Samsung самиот го задржува интересот за експериментирање со блокчејн и криптовалути, минатиот месец откривајќи дека бараат Британски патент за крипто паричник.

Leave a comment