Стив Возниак ја споредува Ethеreum со Apple на конференцијата во Виена

На конференцијата за технологија во Виена наречена WeAreDevelopers, Стив “Woz” Возниак ја споредил платформата Ethereum со Аpple и изјави дека таа наскоро би можела да стане подеднакво влијателна, објави Forbes на 18-ти Мај.

Додека го одржуваше својот говор на конференцијата, Возниак беше ентузијастичен околу Ethereum (ETH), опишувајќи ја како платформа слична на таа на Apple. Тој изјави дека на долг рок Ethereum може да стане подеднакво влијателна како што е Apple. Тој додаде:

“Ethereum ме заинтересира затоа што може да работи и затоа што е платформа.”

Според Форбс, Возниак работи со Bitcoin и Ethereum уште од нивните почетоци, иако се одвоил од крипто од почетокот на 2018-та година. Возниак изјави дека се уште е сопственик на еден Bitcoin (BTC) и два Ethereum (ETH) за да “експериментира со плаќање на различни работи”.

Во четвртокот, на денот на кој ја отворил конференцијата со својот говор, Возниак ја нарече блокчејн “следната голема IT револуција која допрва ќе се случи”. Тој рече дека блокчејн и криптовалутите ќе го достигнат нивниот целосен потенцијал во следната декада. Во октомври минатата година, Возниак на Money 20/20 конференцијата во Лас Вегас изјави дека биткоинот е подобар од златото или од американскиот долар.

После Apple, Возниак остана како дел од светот на технологијата креирајќи ја академијата за кодирање Woz University, која поседува 31 центар за кодирање ширум САД.

Leave a comment