Stablecoin поддржана од биткоин беше лансирана на блокчејнот на Ethereum

Нов токен кој се поддржан one-to-one со биткоин сега е пуштен во живо на блокчејнот на Ethereum.

“Wrapped BTC” (WBTC) во средата вечерта го официјализира својот токен ERC-20. Проектот првпат беше објавен во октомври, како заедничка иницијатива помеѓу децентрализираната стартап берза на Kyber Network и Republic Protocol, како и компанијата за крипто сопственост BitGo.

Како што е наведено на веб-страницата на проектот, целта на WBTC е да се донесе “поголема ликвидност на Ethereum екосистемот вклучувајќи децентрализирана берза и финансиски намени”.

Во тоа време, главниот директор за технологија на BitGo, Бенедикт Чан, изјави дека WBTC поседува и “стабилност на биткоин и флексибилност на ethereum”, спојувајќи го новото крипто богатство со традиционалните банкноти (оној вид што некогаш може да се искористи за злато). Додека е променлив во споредба со американскиот долар, биткоин е најликвидната и стабилна криптовалута, истакна тој.

Сега веќе на листата на податоци на пазарот за криптовалути CoinMarketCap, од почетокот на вечерта во средата имаше пријавено 72,4214 WBTC на мрежата на ethereum, малку под 72,4216 BTC (околу 250 000 долари) заклучени на блокчејнот на биткоин.

Користејќи технологија позната како “atomic swaps” за да се олеснат cross-chain крипто тргувањата, корисниците на ethereum можат да побараат WBTC од сертифицирани “трговци” откако ќе ги спроведат потребните процедури за идентификација како (AML) против перење пари и know-your-customer  (KYC).

Според тимот на WBTC, во моментов има осум трговци за да се олесни конверзијата помеѓу WBTC и BTC. Тие вклучуваат: AirSwap, Dharma, ETHfinex, GOPAX, Kyber Network, Prycto, Ren и Set Protocol.

Тргувањето на берза

Покрај тоа, голем број на крипто берзи веќе имаат набавено дел од првичните продукти на WBTC и ќе можат да го поддржат и директно да го снабдат на нивните платформи, според соопштението на WBTC.

Исто така, неколку финансиски децентрализирани апликации на ethereum, вклучувајќи ги и bZx, Compound и dYdX, ќе овозможат “непосредна употреба” на новиот токен.

Како таква, и покрај загриженоста изразена од творецот на ethereum, Виталик Бутерин на Twitter, за централизираната природа на овој систем за размена на токени, во соопштението се вели:

“Основниот дизајн на WBTC и континуираната посветеност на сите членки за отвореност ќе бидат основни градежни столбови за транспарентна рамка на процеси и структура на управување … WBTC ќе остане цврста иницијатива предводена од заедницата.”

Leave a comment