Sony и Fujitsu развиваат блокчејн платформа за борба против лажни образовни квалификации

Јапонската мултинационална конгломерaтна компанија Sony и фирмата за IT опрема Fujitsu создадоа шифрирана база на податоци за документи за стручно оспособување, објави The Asahi Shimbun на 26-ти февруари.

Базата на податоци, која наводно, користи блокчејн технологија, се користи за да се спречат фалсификати на документи за владеење на јазик, што некои странци, наводно, ги користат за да добијат статус на жител за студирање во Јапонија.

Странците мора да достават сертификат за познавање на Јапонски јазик до Бирото за имиграција со цел да добијат статус на жител за студирање во Јапонија. Споменатите сертификати можат да бидат издадени од Јапонски образовни институции во странство. Јапонските училишта во земјата ќе ги достават сертификатите во име на институциите во странство.

Наводно, нелегалните примероци на јазичните сертификати се пронајдени во неколку различни земји. Asahi Shimbun наведува дека студентите без соодветни јазични квалификации може да се соочат со тешкотии во нивниот секојдневен живот во Јапонија.

Двете фирми ја создадоа платформата со комбинирање на системот за онлајн учење на Fujitsu со блокчејн развиен од Sony подружницата Sony Global Education Inc. За користење на платформата, училиштата за Јапонски јазик може да ги споредат сертификатите со податоци регистрирани на блокчејнот за да потврдат дека документите се автентични.

Sony и Fujitsu наводно ќе ја тестираат платформата во март, пред да биде распоредена за употреба во реалниот свет во април. Тестот ќе се одржи во Human Academy Co, во училишта за јапонски јазик во градовите Осака, Сага и Токио.

Други универзитети и институции за учење низ целиот свет користат блокчејн технологија за борба против лажни дипломи. Минатата недела, владата на Малта објави дека сите образовни сертификати во земјата, вклучувајќи ги и оние од државните, приватните и парохиските училишта, ќе бидат зачувани на блокчејн.

Во јануари, во медиумите беше објавено дека Универзитетот во Бахреин ќе издаде дипломи на блокчејн. Универзитетот го користи отворениот стандард Blockcerts во партнерство со Learning Machine, стартап кој нуди систем базиран на блокчејн за да издава и потврдува официјални записи.

Leave a comment