Samsung Galaxy S10 го интегрираше дигиталниот паричник на Pundi X

Производителот на паметни телефони Samsung и стартапот за крипто исплати Pundi X започнаа соработка која ќе им овозможи на корисниците да ја интегрираат апликацијата XWallet во нивниот Samsung Blockchain Wallet.

Во блог постот објавен на 29-ти јули, Pundi X откри дека го интегрирале решението за крипто паричник во блокчејн екосистемот на Samsung, со што се одбележува растечкото усвојување на блокчејн технологијата. На објавата се вели:

„Корисниците на Samsung Galaxy S10 можат да ги пренесат криптовалутите кои им се зачувани во Samsung Blockchain Wallet  во XWallet, кои потоа ќе можат да ги користат за инстант крипто-трансакција со глобалниот екосистем за плаќање на Pundi X“.

Во моментов, XWallet поддржува дигитални валути како што се Биткоин (BTC), Етер (ETH), Binance Coin (BNB), KuKoin Shares (KCS), NEM (XEM), KNC, Qtum (QTUM), како и сопствените токени на Pundi X наречени NPXS и NPXSXEM.

Апликацијата им овозможува на корисниците да ги преместуваат криптовалутите зачувани во Samsung Blockchain Wallet во XWallet, кој е исто така достапен со XPOS, блокчејн уред распределен на продажни места во 25 држави.

Samsung најпрво откри дека својата нова серија на телефони Galaxy S10, ќе има функции на паричник за дигитални валути во февруари. Подоцна во мај, се појавија вести дека буџетските паметни телефони на Samsung ќе имаат и крипто и блокчејн карактеристики. Во тоа време, официјалниот претставник на Samsung изјави:

„Ќе ги намалиме бариерите за новите искуства со постепено проширување на бројот на модели на Galaxy кои поддржуваат блокчејн функции. Ние, исто така, по Кореа ќе ги прошириме нашите таргет земји како САД и Канада“.

Претходно во јули, Pundi X објави дека го интегрира својот систем за крипто плаќања во уред направен од американскиот производител на системи VeriFone. Иницијативата има за цел да овозможи на поширока мрежа на трговци да прифатат плаќања во крипто.

Leave a comment