Samsung ќе побара соработка со платформски компании за блокчејн иновации и 6G

Заменик-претседателот на Јужнокорејскиот гигант за потрошувачка електроника Samsung, вели дека фирмата ќе се обиде да соработува со платформските компании за развој на блокчејн, вештачка интелигенција и мобилни мрежи од шеста генерација. Веста беше објавена од Bloomberg на 16-ти јуни.

Заменик-претседателот Џеј Ј. Ли, кој наводно служи како де факто лидер на фирмата, разговараше со директорите на Samsung за можните соработки минатата недела, според изјавата на компанијата цитирана од Bloomberg. Платформска компанија е стекната од страна фирма со приватен капитал со цел да се направат понатамошни превземања во рамките на одреден сектор.

Според Bloomberg, потегот за следење на технологиите како што се блокчејн и 6G доаѓа во време на брзо менување на деловната клима и структурни промени во технолошката индустрија, која наводно претставува нов предизвик за големите фирми. Во изјавата, Ли истакна:

“Треба да си поставиме нова резолуција како предизвик за создавање на нови темели, движејќи се надвор од границите на нашите минати постигнувања”.

Како што објавија овој мај, претстојните буџетски паметни телефони на Samsung, наводно ќе вклучуваат крипто и блокчејн функции.

Функциите поврзани со блокчејн и крипто веќе беа потврдени за Samsung S10, и на тој начин ќе бидат вклучени во други Galaxy модели на паметни телефони.

На крајот на април, анонимен извор тврдеше дека Samsung на крајот би можел да развие комплетен јавно-приватен блокчејн со свој токен.

Leave a comment