Samsung развива блокчејн врз основа на Етереум, може да издаде и сопствен токен

Јужнокорејскиот електронски гигант Samsung развива сопствена блокчејн мрежа и го разгледува издавањето свој токен во иднина.

Ексклузивен извештај на CoinDesk Korea во вторникот, цитирајќи личност “запознаена со внатрешната ситуација на Samsung”, изјави дека блокчејната работна група на компанијата – дел од  wireless одделот – гради блокчејна мрежа базирана на Етереум. Работата, сепак, се уште е во “внатрешната експериментална” фаза.

Изворот изјави:

“Во моментов, ние размислуваме за приватен блокчејн, иако се уште не е потврдено. Исто така може да биде и јавен блокчејн во иднина, но мислам дека ќе биде хибриден – тоа е комбинација од јавни и приватни блокчејни.”

Кога развојот на блокчејнот е завршен, Samsung, исто така, може да лансира свој токен “Samsung Coin”, според извештајот.

“Пазарот очекува Samsung Coin кај и да е да биде лансирана, но насоката кон која сето тоа сè движи уште не е решена.”

Ако компанијата во иднина развие јавен блокчејн, тогаш Samsung Coin би можел јавно да се тргува на крипто берза, исто како биткоин (BTC) и ether (ETH). Samsung, исто така, би можел да ја употреби блокчејн технологијата за неговата платна апликација Samsung Pay, но потегот сеуште не е одлучен, според изворот.

Блокчејната работна група на Samsung е во активен развој најмалку една година и работи на голем број проекти, според извештајот.

Пред два месеца, компанијата направи скок во блокчејн сферата со откривањето на својот главен мобилен телефон, Galaxy S10, кој има способност да чува крипто приватни клучеви и други функции, како што е поддршка на дигитални блокчејн потписи.

Во март, Samsung официјално го објави крипто паричникот, кој е компатибилен со ether (ЕТH) и ether-базирани ERC20 токени, но се уште не е со биткоин. Според некои извештаи, паричникот сè уште не е достапен во некои држави.

S10 исто така поддржува децентрализирани апликации (dapps), како на пример платформата за крипто игри Enjin, платформата за убавина Cosmee, платформата за крипто колекции CryptoKitties и платежната услуга CoinDuck.

Leave a comment