Samsung додава шест нови Dapps на својот паричник, следуваат и повеќе

Јужнокорејскиот технолошки гигант Samsung ги претстави новите децентрализирани апликации (dapps) за корисниците на блокчејн паричникот на Galaxy S10 смартфонот.

Компанијата објави почетни четири dapps за Samsung блокчејн паричникот во март оваа година, со поддршка за платформата за игри Enjin, платформа за споделување на содржина за убавина Cosmee, како и CryptoKitties и трговската платежна услуга CoinDuck.

Според Fn News, Samsung сега направи уште шест dapps достапни за своите јужнокорејски корисници, и “планира да ги прошири своите dapp понуди и кон останатиот дел од светот.”

Новите dapp додатоци вклучуваат:

The Hunters, крипто-базирана платформа за игри

MyCryptoHeroes, блокчејн игра

Berry Pick, платформа за социјални медиуми која ги наградува корисниците кога се активни

X-Wallet на Pundi X (кој поддржува биткоин, етер и binance монетата)

Syrup Table, платформа за коментирање на ресторани која им дава подароци во вид на токени на корисниците

Misetoktok, апликација која им овозможува на корисниците да вршат проверки во реално време за квалитетот на воздухот и загадувањето

Fn News вели дека инсајдерите на крипто индустријата проценуваат дека следните “седум или осум” dapps ќе бидат додадени оваа недела, додека ZD Net Коrea верува дека шест нови наслови ќе бидат ставени на располагање.

Медиумите ги цитираат портпаролите на Samsung, велејќи: “Оваа недела ќе додадеме повеќе dapps на Samsung блокчејн паричникот, но сепак не можеме да потврдиме точен број.”

Fn News вели дека верува дека компаниите како што се Pibble, Lympo и Foresting би можеле да бидат “блиску” со свои dapps додадени на Samsung блокчејн паричникот – со договори кои можеби се веќе воспоставени.

Истиот медиум го цитира неименуваниот инсајдер:

“Блокчејн паричникот на Samsung ќе делува како еден вид на app store. Samsung ја прифати превласта на OS за Google, но стратегијата на компанијата сега вклучува изградба на екосистем за апликации што може да ја надмине понудата на Google во блокчејниот сектор.”

Исто така, како што е соопштено во мај, одделот за телефони на Samsung се обидува да ги прошири своите блокчејни активности и “ќе обезбеди поддршка за блокчејн услугите на претстојните уреди.”

Leave a comment