Samsung додава Биткоин на својот крипто-паричник, достапен и на Note 10

Најголемиот производител на паметни телефони Samsung додаде поддршка за Биткоин на претстојниот Blockchain Keystore Software Development Kit (SDK) и потврди дека неговиот крипто паричник е поддржан на најновиот phablet, Galaxy Note 10.

Според апдејтот објавен на страницата за девелопери на компанијата, SDK ќе има и поддршка за Klaytn на Kakao – обезбедувајќи компатибилност за блокчејн платформите на Биткоин, Eтереум и Klatyn. Ова значи дека апликациите развиени со помош на комплетот ќе можат да управуваат со BTC, Етереум, ЕRC20 и Кlay токените.

Во објавата се дадени детали за регионалната достапност на SDK. Комплетот ќе биде ограничен на следниве држави: Канада, Германија, Јужна Кореја, Шпанија, Швајцарија, Соединетите Американски Држави и Велика Британија.

Овој потег значи дека милиони корисници на паметните телефони Samsung конечно ќе можат да го користат Биткоин со апликации преку Wallet Blockchain што компанијата започна да го вклучува на своите уреди, почнувајќи со Galaxy S10 претходно оваа година.

Како што претходно беше соопштено, SDK се очекува да биде пуштен во продажба подоцна оваа година, но во постот се наведува дека бета верзијата е веќе достапна за девелоперите, иако компанијата ќе ги следи барањата за апликација од идните партнери.

Компанијата исто така тврдеше: „Планираме да поддржуваме повеќе криптовалути и да ги прошириме поддржаните региони во блиска иднина.“ Исто така додаде дека Samsung Blockchain Keystore ќе ги идентификува корисниците преку PIN или биометрика кога ќе биде потребна потврда за корисникот, како што е потпишување на трансакција.

Samsung во последните неколку недели додава голем број на децентрализирани апликации (dapps) на својот Blockchain Wallet – со 17 апдејтирани dapps кои сега се достапни на корисниците во Јужна Кореја.

Како што е соопштено во објавата, мобилниот оддел на Samsung соопшти во мај дека бара да ги прошири своите блокчејн активности и „ќе обезбеди поддршка за услуги базирани на блокчејн на неговите претстојни уреди“.

Leave a comment