Samsung ги нарече извештаите за Galaxy S10 Crypto Wallet “гласини и шпекулации”

Samsung ги отфрли гласините дека планира да понуди крипто cold wallet на својот смартфон Galaxy S10.

Транснационалниот Корејски технолошки конгломерат, неодамна поднесе три ЕУ трговски марки за блокчејн софтвер и криптовалути на 10-ти декември. Како што објавија од SamMobile новинскиот сајт на Samsung заедницата на 11-ти декември, барањата за трговски марки се дел од наводните планови да понудат крипто cold wallet на смартфонот Galaxy S10, но овој предлог беше брзо побиен од Samsung во приватна кореспонденција со Cointelegraph:

“За жал не можеме да дадеме какви било информации, бидејќи овие изјави се гласини и шпекулации.”

Трите EУ барања за трговски марки се појавуваат во пребарувања на веб сајтот на Канцеларијата за интелектуална сопственост на Европската Унија (EUIPO), и се насловени како “Blockchain KeyStore”, “Blockchain key box” и “Blockchain Core” соодветно.

Сите три се поднесени под категоријата на трговска марка “смартфони; Софтверски апликации за употреба со мобилни уреди; Компјутерски софтверски платформи; Апликација”, но откриваат само неколку детали за предложените услуги или апликации.

SamMobile понатаму ексклузивно “потврди” дека трговските марки се дел од развојот на комерцијален Samsung cold wallet, кој “може да биде лансиран” со  смартфонот Galaxy 10 на компанијата. Имено, претходната “ексклузивна” вест од SamMobile пред две години – која тврдеше дека Samsung ќе го откаже својот 3.5 милиметарски џек за слушалки од својот Galaxy S8 модел – се покажа дека не е вистина.

Како што скоро беше објавено, Тајванскиот производител на електроника HTC го објави “првиот блокчејн телефон” во мај оваа година, со вести оваа недела дека децентрализираниот пребарувач Brave ќе биде вклопен во блокчејн телефонот на фирмата, познат како “HTC Exodus 1 .”

Samsung SDS – технолошката подружница на Samsung – во меѓувреме направи пробив во блокчејн просторот преку партнерство со главната Холандска банка ABN AMRO за тестирање кое ќе ја користи блокчејн технологијата за испорака. Ова лето, Samsung SDS лансираше своја блокчејна платформа за финансиските бизниси, како и понатамошна имплементација на блокчејн која е насочена кон логистичката индустрија.

Leave a comment