Russian Railways го разгледуваат блокчејн како опција

Рускиот национален пензиски фонд склучува договор со Russian Railways за користење блокчејн со кој би ги следеле патниците што се квалификувани за користење на попуст услугите, објави на 1-ви март новинската агенција Rambler News Service (RNS) од Москва.

Антон Дроздов, шеф на пензискиот фонд на Руската Федерација, откри дека фондот во државна сопственост се очекува годинава да склучи договор со Russian Railways, државна компанија за товарни и патнички возни услуги.

Новиот блокчејн проект има намера да донесе транспарентност во системот за следење на корисниците кои ги користат транспортните услуги со попуст, и да ги елиминира фалсификатите и обидите за измама, објасни Дроздов додека зборуваше во интервју за RNS.

Шефот на националниот фонд, исто така, откри дека овој тест е планиран да се спроведе по железничката линија Москва-Твер.

Кога беше запрашан за плановите на фондот за блокчејн тестови во новиот предложен систем за индивидуален пензиски капитал, Дроздов одговори дека пензискиот фонд на Русија не може да биде вклучен во иницијативата во неговава моментална фаза. Тој објасни дека Централната банка на Русија сега развива законска основа за проектот, бидејќи иницијативата бара централен администратор.

Неодамна, градскиот совет на Москва поднесе предлог-закон за примена на блокчејн технологија за систем за е-гласање со цел да се намали можноста за измама со одделување на личните податоци на гласачите од резултатите од гласањето.

Минатата недела Рускиот претседател Владимир Путин објави уште еден рок за владата да усвои крипто закони. Според новата наредба, законот мора да биде усвоен за време на пролетната седница во 2019-та година и спроведен до 1-ви јули 2019-та година.

Leave a comment