Ripple ја проширува Универзитетската блокчејн иницијатива со партнери во САД, Кина и Сингапур

Ripple ги објави најновите партнери во својата глобална Универзитетска блокчејн истражувачка иницијатива (UBRI), во кои спаѓаат универзитетите во САД, Кина, Сингапур и Бразил, стоеше во соопштението за печатот на 7-ми февруари.

Како што е соопштено, Ripple ја започна UBRI во јуни 2018-та година за поддршка на академски истражувања, технички развој и иновации во блокчејн, криптовалути и дигитални плаќања.

Програмата сега, наводно, има вградени единаесет нови високообразовни партнери – вклучувајќи ги Карнеги Мелон, Корнел и Универзитетот Дјук во Соединетите Американски Држави, Националниот универзитет на Сингапур, Универзитетот во Сао Паоло во Бразил и Институтот за fintech истражувања на универзитетот Цинхуа во Кина.

Во декември, Ripple пријавија дека имаат издадено серија на факултет и студентски грантови за истражување во овие области, и објави дополнителни детали за тековниот напредок на UBRI. Напредокот вклучува партнерство со Универзитетот во Калифорнија, Беркли, за да биде домаќин на блокчејн / fintech индустриски настан за говорници во Haas School of Business.

Друга работа во Беркли вклучува развој на крос-одделенски курсеви и финансирани истражувачки проекти на терен, и спонзорирање на претстојниот блокчејн хакатон.

Партнерите на UBRI исто така, наводно, ќе бидат домаќини на работилници во Дјук и Џорџтаун, кои ќе се фокусираат на голем број теми, вклучувајќи блокчејн, криптографија, сајбер-сигурност и регулација.

Во Бразил, Универзитетот во Сао Паоло, наводно, ќе се финансира за да започне интердисциплинарна програма за иновативни блокчејни за студенти по инженерство, право, математика, економија и бизнис администрација.

Како што е соопштено, многу глобални универзитети започнаа свои внатрешни лаборатории за блокчејн, истражувачки центри и програми и сертификати – вклучувајќи МИТ во САД и ИТ Универзитетот во Копенхаген.

Иницијативи за образование со корпоративно финансирање од крипто сферата го вклучуваат Стенфордскиот блокчејн истражувачки центар – чии спонзори се Ethereum Foundation и Polychain Capital. Друг пример е заедничката истражувачка лабораторија поддржана од CollinStar Capital на Хонг Конгскиот политехнички универзитет и Универзитетот Монаш во Австралија.

Leave a comment