Ripple и важен универзитет во Пекинг лансираат стартап за блокчејн истражувачка стипендија

Еден од најголемите Кинески истражувачки универзитети започна со научно-истражувачка стипендија со поддршка од Ripple, според соопштението за печатот објавено на 18-ти јануари.

Во соработка со фирмата за блокчејн плаќања Ripple, Институтот за fintech истражувања на Универзитетот Цинхуа во Пекинг (THUIFR) ја објави Програмата за стипендии за блокчејн технологија (BRCH). Програмата, наводно, има намера да ги собере најдобрите студенти на постдипломски студии во Кина во 2019-та година за да ги проучи глобалните правила за блокчејн и развојот на индустријата.

Учесниците во новата образовна програма, наводно, ќе имаат пристап до напредни знаења во блокчејн просторот како и да можат да учествуваат во корпоративни настани и посети.

Ајви Гао, директор за меѓународна соработка и развој на THUIFR, нагласи дека BRSP ќе придонесе во голема мера за идните истражувања и кариера на студентите во блокчејн индустријата.

Еми Јосикава од одделот за глобални операции и партнерства на Ripple, на 23-ти јануари објави на Twitter дека Ripple е “возбуден да соработува со универзитетскиот институт за Fintech истражувања на Цинхуа […] и да помогне да се развие талент од следната генерација за блокчејни во Кина!”

Како што претходно беше објавено, Ripple соработува со водечките глобални универзитети во рамките на својата Иницијатива за Истражувања на блокчејните, која има за цел да го поддржи образованието во блокхенот и крипто простор. Компанијата први го објави проектот во јуни 2018 година, известувајќи дека вложила 50 милиони долари во блокхеин образование на 17 универзитети ширум светот.

Универзитетот Цинхуа е главен истражувачки универзитет во Пекинг, наводно, еден од деветте најпрестижни универзитети во Кина, познат како “The C9 League”.

Претходно, Истражувачкиот институт за информатичка технологија на Универзитетот Цинхуа соработуваше со подружница на Кинеска институционална финансиска фирма за основање на истражувачки блокчејн центар.

Неодамна, група истражувачи од највисоките универзитети во САД започнаа Unit-e, нова криптовалута, со цел да се обезбеди глобална скалабилна мрежа за децентрализирана исплата.

Leave a comment