Reuters: Франција ќе ги принуди земјите-членки на ЕУ да ги усвојат нејзините регулации за криптовалути

Франција, наводно, ќе се обиде да ги убеди другите земји-членки на Европската унија да усвојат регулативи за криптовалути слични на нејзините, објави Reuters на 15-ти април.

Бруно Ле Мар, француски министер за економија и финансии, наводно изјавил дека Франција ќе ги охрабри другите земји на ЕУ да усвојат регулативи за криптовалути слични на оние кои Франција ги одобри минатата недела. Новите регулации, наводно, имаат за цел да привлечат крипто издавачи и трговци во Франција со тоа што ќе им дадат некое официјално признание, а за возврат ќе ги оданочат нивните профити.

По ново усвоената регулатива, операторите на криптовалути ќе треба да аплицираат за потврда која наводно ќе им овозможи на властите да проверат кој стои зад издавањето на нова монета или платформа за тргување, исто така, ги надгледува плановите на претпријатијата и заштитните мерки за спречување на перење пари (AML).

Ле Мар, наводно, изјави дека “ќе им понудам на моите европски партнери да воспостават единствена регулаторна рамка за крипто-средства инспирирана од Француското искуство. Нашиот модел е вистинскиот.”

Исто така, минатата недела, националното собрание на Франција усвои нацрт-закон со цел да се стимулира развојот на локалните бизниси, вклучително и пренасочување на заштедите од поединци кон бизнисите. Познат како “Plan d’action pour la croissance et la transformation des entreprises”, (Pacte) законот, наводно, им овозможува на осигурителните провајдери во Франција да инвестираат во криптовалути без ограничување на висината на инвестицијата.

Минатиот месец, законодавниот орган на Швајцарската влада, Сојузното собрание, одобри предлог за да му укаже на Сојузниот совет да ги приспособи постојните закони за регулирање на криптовалути. Потегот има за цел да ги затвори согледаните празнини во заштитата на корисниците на криптовалути од нелегални активности како изнудување и перење пари.

Во јануари, Европскиот банкарски орган (EBA) препорача понатамошно истражување околу криптовалути и ќе изврши “голем број активности” кои се однесуваат на овој сектор во 2019-та година. ЕBA изјавија дека има намера да издаде документи за да им помогне на властите во земјите-членки да пријават финансиски активности. Организацијата, исто така, ја нагласи потребата за транспарентност и соодветни јавни предупредувања за ризиците поврзани со криптовалути.

Leave a comment