ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ И ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Политиката за заштита на лични податоци ги содржи практиките за приватност на Grouper веб страната, и објаснува како  CRYPTOHOOD.MK (“Cryptohood “, “нас”, “ние” и “нашите”) ги користи вашите податоци, а се однесува на нашиот веб сајт www.cryptohood.mk, мобилната верзија на веб сајтот, електронските услуги, нашите социјални мрежи и испратените електронски пораки од нас. Со Политиката за заштита на личните податоци се уредува правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработка. Ве молиме прочитајте ја Политиката за заштита на лични податоци и повремено проверувајте ја истата за најновите податоци од нашата практика за приватност.

Со пристaпување или со користење на нашиот веб портал се согласувате со сите услови дефинирани во оваа Политика за заштитa на лични податоци и Условите за користење на нашата веб страна. Доколу не се согласувате со овие услови, напуштете ја оваа страна и не го користете нашиот сајт. 

ИЗМЕНИ ВО ПОЛИТИКАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Повремено ќе ја менуваме и дополнуваме Политиката за заштита на лични податоци за да ги содржи нашите нови практики, како на пример кога додаваме нова услуга, функционалност или опција на сајтот. Можете да видите кога оваа Политика за заштите на лични податоци била последен пат променета според датумот објавен погоре во “Дата на објавување “.

Прибирањето на личните податоци на оваа веб страница е во согласност со прописите за заштита на лични податоци.

 

Ние собираме два вида на податоци на нашата веб-страница од нашите корисници, Лични податоци и Не-лични податоци кога имате интеракција со нас или нашиот сајт, на пример кога:

  • – го пристапувате или користите нашиот сајт
  • – ги отворате или одговарате на нашите email пораки
  • – оставате коментари на нашиот портал или на социјалните профили на Cryptohood.mk

ШТО СЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ?

Лични податоци се податоци кои идентификуваат одреден краен корисник. Кога ќе се вклучите во некои активности на веб-страница, како на пример креирање на профил, или услуга од нас, додавање на содржина и/или објавување на содржина во форуми за дискусија, пријавување на натпревар или игра спонзорирана од нас или нашите бизнис соработници, пополнување на анкета, објавување на мислење, испраќање на нас или нашите бизнис соработници повратни податоци, барање податоци за нашите услуги, поднесување на договор за соработка, објавување на видео или регистрирање за специјални понуди од трети лица преку вебсајтот (“Активности за Идентификација”), може да побараме да обезбедите некои податоци за Вас.

Не е задолжително за да се вклучите во некоја активност која бара идентификација. Ако одберете да се вклучите во некоја активност која бара идентификација, може да побараме од Вас да обезбедите одредени лични податоци, како на пример: име и презиме, поштенска адреса (вклучувајќи и поштенски код), е-мејл адреса, телефонски број и датум на раѓање.

Во зависност од активноста, некои од податоците се задолжителни, а некои се идентификувани како доброволни. Ако не се обезбедат задолжителните податоци за одредена активност која го бара тоа, нема да Ви биде дозволено да се вклучите во таа активност.

Ние ги користиме личните податоци за да Ви обезбедиме информации и услуги, за да го подобриме работењето на веб-страната, за да ги подобриме нашите маркетиншки и промотивни напори, за да ја анализираме корисноста на веб-порталот, за да ги подобриме нашите информативни соджини и услуги, и да го прилагодиме вашето искуство со користење на нашиот веб портал, како што е наведено во оваа Политика за заштита на лични податоци.

На пример, ако испратите електронска порака до нашата корисничка поддршка, ние може да ги употребиме вашите коментари и повратни податоци да им кажеме на другите за нашите услуги, или да го поставиме Вашиот коментар во нашите маркетиншки материјали, или на нашата интернет страна. Вашите коментари може да содржат лични податоци како што е на пример вашето име, ние ќе побараме согласност од Вас за да го објавиме Вашето име заедно со Вашиот коментар, пред објавувањето на Вашиот коментар пред јавноста. Покрај тоа, ако ја користите нашата веб-страна да испратите информација на друго лице, може да ги зачуваме вашите лични податоци.

Ние, исто така може да ги користиме личните податоци заради решавање на проблеми, решавање на спорови, остварување на административни задачи, контакт со Вас, спроведување на нашите договори со Вас, вклучувајќи ги и нашите Услови на користење и оваа Политика за заштита на лични податоци, во согласност со применливиот закон.

НЕ-ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Не-лични податоци се податоци кои не го идентификуваат крајниот корисник. Овој вид на податоци може да вклучат работи како универзален Ресурсен Локатор (“URL”) на веб страната која сте ја посетиле пред да дојдете на нашата веб-страница, URL на веб страната која сте ја посетиле по напуштањето на нашата веб-страница, типот на пребарувачот што го користите и вашата Интернет протокол (“IP”) адреса. Ние, и / или нашите овластени трети странки Даватели на услуги и лица кои се рекламираат, може автоматски да ги собереме овие податоци кога ќе ја посетите нашата веб-страница преку употреба на електронски алатки како “Cookies” и Web beacons или Пиксел тагови, како што е опишано во точките 4 и 8 на оваа Политика за заштита на лични податоци.

Иако податоците се користат со добра намера и цели можете секогаш да одберете да не давате податоци или да ограничите кои податоци ги давате.

Можете да одберете како Вашиот пребарувач зачувува Колачиња (анг. Cookies) со подесување во самиот пребарувач. Пребарувачите се различни, затоа следете ги инструкциите на пребарувачот зависно кој го користите. Истото може да го подесите и од Вашиот паметен уред доколку ја користите веб страната на тој начин.

Исто така може да одберете кои податоци ги споделувате со нас кога се поврзувате со нас преку Социјалните мрежи или апликации. Ве молиме погледнете ја Политиката за приватност и подесувањата на социјалните мрежи или апликации за да може да научите како да ги прилагодите пермисиите и да ја промените интеракцијата помеѓу Cryptohood и Вашиот профил на социјалната мрежа или апликација.

Ние ги користиме собраните податоци кои се образложени во оваа Полтика за заштита на лични податоци со цел:

  • да го подобриме работењето на сајтот, да ви понудиме персонализирани производи и услуги од нашите бизнис соработници,
  • да комуницираме и ве информираме за дополнителни работи околу Cryptohood
  • да ви испраќаме известувања за новости, апдејти, административни пораки, промотивни пораки и барани информации,
  • да аминистрираме анкети, наградни игри, натпревари или други промотивни активности или настани организирани од нас или наши бизнис соработници,
  • да ги водиме секојдневните бизнис активности како администрација на сајтот, менаџирање на форумот, анализи, заштита од злоупотреби или следење на законите,

Ние нема да ги делиме, продаваме или изнајмуваме вашите лични податоци на други лица, освен во некои од случаите кои се предвидени подолу:

  • Ние можеме да ги споделуваме вашите податоци при трансфер на бизнисот.Како секој бизнис, ние би можеле да се споиме или да бидеме купени од друга фирма. Ако тоа се случи, наследник компанијата ќе се здобие со податоците што ги чуваме, вклучувајќи ги личните податоци. Сепак, личните податоци ќе останат предмет на оваа Политика за заштита на лични податоци.
  • Ние можеме да ги споделуваме вашите податоци за наша заштита и заштита на други.Ние го задржуваме правото да ги откриеме Вашите лични податоци ако тоа се бара со закон и кога веруваме дека откривањето е неопходно да ги заштитиме нашите права и / или во согласност со судска постапка, судски налог, или правен процес во врска со нашата веб страница.
  • Ние може да откриваме или споделуваме Не-лични податоци со бизнис соработниците, и огласувачите.На пример, може да споделиме агрегирани демографски податоци (во кои не спаѓаат лични податоци), со “Огласувачи” или “Маркетинг компании”.

Вие ни ги оставате Вашите податоци кога се регистрирате за добивате известувања за нови постови објавени на веб-порталот, или на било кој начин имате интеракција со нашиот сајт. Исто така собираме податоци и кога не контактирате онлајн преку електронска пошта за корисничка поддршка и кога оставате коментари во онлајн заедниците за коментирање и споделување мислења. Покрај тоа собираме податоци на други начини со цел да го подобриме искуството и да ги оствариме маркетинг целите.

Еден начин на собирање податоци е преку Колачиња (анг. Cookies) За да се олесни и прилагоди вашето искуство со веб-страница, ние зачувуваме cookies на вашиот компјутер. Cookie е мал текстуален податок кој е складирани на компјутерот на корисникот за целите за чување на податоци кои содржат податоци за тој корисник. Ние користиме cookies додека ја користитете нашата веб страница со цел да ви заштедиме време и да ги следиме интересите на целните корисници за да обезбедиме специјално-прилагодено искуство. Cookies, исто така, овозможуваат да се соберат не-лични податоци од Вас, како што се страници кои сте ги посетиле и линкови кои сте ги кликнале. Повеќето пребарувачи автоматски прифаќаат cookies, но вие можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач, за да одбиете cookies. Забележете дека ако сте ги одбиле или избришале овие cookies, некои делови од веб-страницата може да не работат правилно.

Други помагала за следење. Ние може да користиме други стандардни технологии како пиксел тагови за да ја следиме Вашата употреба на нашите веб-страници. Pixel тагови се мали графички слики поставени на некои страни од нашиот веб-сајт, или во нашите е-пораки кои ни овозможуваат да одредиме дали сте извршиле одредена акција. Кога ќе пристапите до овие страници или ја отворите вашата е-пошта, пиксел таговите генерираат не-лични податоци за таа акција.

Сериозно ја сфаќаме безбедноста и преземаме бројни мерки на претпазливост со цел да се заштити безбедноста на лични податоци. Се користи HTTPS безбедносен протокол при обработка и пренос на информациите до нашите сервери.

Ние шифрираме одредени чувствителни податоци со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија, за да се осигураме дека Вашите лични податоци се обезбедени како што се пренесуваат на нас.

Едниствено што неможе да го промените сами е Вашата email адреса во профилот, затоа доколку сакате да ја промените ве замолуваме да ни испратите електронска порака на info@cryptohood.mk со адресата која сакате да се замени и новата адреса.

Ние ве охрабруваме веднаш да ги ажурирате Вашите лични податоци доколку се променат. Доколку сакате да ги отстраниме вашите податоци од нашите мејлинг листи, може да испратите барање на info@cryptohood.mk но сепак тоа не означува дека сите податоци претходно зачувани ќе бидат избришани, бидејќи ние чуваме податоци за изминатите активности. Покрај тоа, може да биде невозможно за нас комплетно да ги избришеме сите ваши податоци, бидејќи периодично правиме резервна копија на датабазата.

Друштвени јавни области

Сајтот може да биде пристапен или да содржи делови каде што можете јавно да споделите информации, да комуницирате со други лица, како што се форуми за дискусија или блогови. Овие информации може да биде достапни на други корисници и компании и може да се појавуваат на други интернет страници или веб пребарувања и затоа овие податоци може да се читаат, собираат и користат од страна на други лица.

На пример, ако ја објавите вашата е-маил адреса заедно со вашето мислење за некојa криптовалута како коментар, може да добиете несакани пораки поради злоупотреба на Вашата адреса од трети лица. Ние немаме контрола над тоа кој го чита вашиот пост или она што другите корисници можат да го сторат со податоците што ви се доброволно изложени, па затоа Ве молиме да бидете претпазливи при објавувањето на било какви лични податоци. Ние имаме согласност од нашите корисници да го објавуваме нивното име или корисничко име, заедно со нивната критика или коментар.

Поврзување со преку социјални мрежи (Facebook, Twitter, Google Plus)

Cryptohood.mk им дава можност на корисниците на социјални мрежи да имаат интеракција со пријателите и да споделуваат информации на своите профили на социјалните мрежи.

Оваа Политика за заштита на лични податоци се однесува на користењето и откривањето на податоците кои ние ги собираме од Вас на www.cryptohood.mk. Други веб-сајтови кои може да бидат пристапени преку линкови од нашиот сајт може да имаат сопствени политики за заштита на лични податоци, собирање на податоци, нивна употреба и практики на откривање на податоците. Доколку преку линк на нашиот сајт пристапите до друг веб сајт Ве повикуваме да ги видите политиките за заштита на лични податоци на таа веб страна. Ние не сме одговорни за политиките или практиките на трети лица.

Cryptohood дозволува користење на сајтот на малолетници (деца помали од 18 години) и таквата употреба не е забранета. Сајтот е дизајниран со намера да информира и едуцира во областа на блокчејн технологијата и во светот на крипто каде се објаснуваат разни теми.

Бизнис Соработници, се однесува на трети страни со кои соработуваме како што се компаниите чии понуди се промовираат,.

Податоци од паметни уреди, се однесува на податоци од уред кој го користите за да пристапите или користите веб сајт, како што е тип на оперативен систем или тип на мобилен уред, тип на пребарувач, домеин, јазик кој го користи Вашиот систем, држава и временска зона на Вашиот уред, гео локација и софтвер на Вашиот уред.

Не-лични податоци, се однесуваат на податоци кои сами по себе не може да ве идентификуваат. Тука спаѓаат Колачиња, Пиксел тагови и Податоци од паметни уреди.

Друштвени јавни области, се однесува, збрино на сите наши страни и на социјалните мрежи, форуми, теми за дискусија и коментари на понудите и други методи на комуникација кои може да бидат овозможени или поврзани преку нашиот сајт.

Ве молиме контактирајте не ако имате било какви прашања во врска со нашата Политика за заштита на лични податоци. Можете да не контактирате онлајн на info@cryptohood.mk.