Porsche ги зголемува инвестициите во новите технологии со фокус на блокчејн и AI стартап

Германскиот производител на автомобили Porsche AG ќе ги зголеми своите инвестиции во стартапи – со фокус на блокчејн и вештачката интелигенција (AI) – за околу 176 милиони долари во текот на следните пет години, според соопштението од компанијата објавено на 25-ти септември.

Зголемувањето на вкупната инвестиција на Porsche во капитални активности за следните пет години беше поттикнато од потребата за “пристап до трендови, нови технологии и бизнис модели”, се вели во соопштението за печатот.

Инвестициите ќе бидат насочени кон бизниси во рана фаза и во пораст кои се однесуваат на “искуството со клиентите, мобилноста и дигиталниот животен стил”, како и идните технологии, вклучувајќи блокчејн, AI и виртуелната реалност.

Лутц Мешке, заменик-претседател и член на извршниот одбор за финансии и IT во Porsche AG, истакна дека компанијата мора “фундаментално да го промени својот бизнис модел” за да види успех во иднина, додавајќи:

“До денес, иновацијата е во голема мера управувана од технологија и со силни врски со нашите сегашни клучни компетенции […] Неопходно е да изградиме силен екосистем со компетентни партнери.”

Претходно оваа година, Porsche почна да ја истражува употребата на блокчејни апликации во своите возила во партнерство со берлинскиот стартап XAIN. Во соопштението за печатот на 25-ти септември, Porsche изјавува дека Porsche Ventures е веќе малцински акционер во фирмата која користи блокчејн за управување со историјата на старите возила.

Во март, Daimler AG, производствен гигант познат по своите брендови Mercedes-Benz и Smart, откри дека тестирал своја сопствена дигитална валута базирана на блокчејн, MobiCoin, која ќе ги награди возачите за еколошки возни навики.

Исто така во март, уште еден Германски производител на автомобили, Audi, објави дека тестирал блокчејна технологија за обработка на физичка и финансиска дистрибуција.

Leave a comment