Pornhub во партнерство со PumaPay ќе прифаќаат плаќања со крипто

Канадската веб-страница за стриминг за забава за возрасни Pornhub, објави партнерство со стартапот за крипто наплата PumaPay, за да им овозможи на своите корисници да платат со криптовалути, според твитот на 23-ти август.

Pornhub сега го прифаќа PumaPay, со својот “единствен” протокол за плаќање кој ќе им овозможи на корисниците автоматски да ги плаќаат своите претплати, вклучувајќи го и PornHub Premium. PornHub го промовираше партнерството со видео на YouTube насловено како “Pornhub и PumaPay го спасуваат светот”.

Овој потег следеше по сличен договор со криптовалутата Verge (XVG) направен во април. Партнерството со Verge им овозможува на клиентите да платат со монета за Pornhub Premium и за сите останати производи на веб-сајтот.

Претходно овој месец, подружницата Pornhub Tube8 објави планови за развој на платформа со блокчејн погон за корисниците да заработат крипто преку гледање и интеракција со Tube8 видео клипови. Преку партнерство со Vice Industry Token (VIT), Tube8  ќе создаде платформа за своите 10 милиони корисници, што ќе им даде шанса “да бидат платени за да ја конзумираат [нивната] слободна содржина.”

Во март, Playboy Enterprises објави дека ќе развие онлајн wallet кој ќе им овозможи на клиентите да користат криптовалути за да платат за онлајн медиумите на компанијата и кој вклучува поддршка за VIT.

Сепак, претходно овој месец, Playboy ја тужеше Канадската фирма Global Blockchain Technologies за неуспехот да го испорача договорот во кој тие ќе ја интегрираат блокчејн платформата на нивните веб-сајтови.

VIT, исто така, се вклучи во правниот конфликт и планира да побара сопствена реституција откако “наводно загуби милиони крипто токени во распарчлив договор меѓу Playboy Enterprises и… Global Blockchain Technologies.”

Leave a comment