Playboy тужи Канадска блокчејн фирма за измама и прекршување на договор

Компанијата Playboy со седиште во Беверли Хилс ја тужи Канадската фирма Global Blockchain Technologies (GBT), тврдејќи дека не успеала да ја интегрира блокчејн технологијата во медиумските интернет-канали на Playboy, објави  Los Angeles Times на 14-ти август.

Playboy Enterprises, наводно, поднесоа тужба до Врховниот суд на Лос Анџелес, обвинувајќи ја Канадската компанија за измама и прекршување на договорот, кој двете компании го потпишаа во март.

Според условите на договорот, GBT ќе го интегрира Vice Industry Token (VIT) на медиумските сајтови на Playboy. Playboy изјави дека блокчејн фирмата не само што не ги исполнила условите, туку исто така испуштила плаќање на 4 милиони долари што ги ветила во договорот.

Сега, Playboy бара надоместок, чиј износ не е обелоденет. GBT ја отфрли тужбата како “нормален спор” помеѓу два бизниса, велејќи дека обвинението за измама е “несериозно”. Компанијата за Los Angeles Times изјави:

“Global верува дека има силна одбрана и енергично ќе ја брани истата.”

Во март, Playboy ги објави своите планови за развој на онлајн wallet, кој ќе им овозможи на клиентите да користат крипто за плаќање за онлајн медиумите на компанијата и да го поддржат Vice Industry Token-от. Подоцна во мај, GBT објави дека работи на Playboy wallet-от, вклучувајќи интерфејс за различни платформи.

VIT покрена 22 милиони долари во Ethereum во првите 24 часа од својата почетна понуда за монети (ICO). Блокчејн платформата на индустријата за возрасни, ги наградува гледачите на своите сајтови со VIT.

Забавната индустријата  за возрасни постепено ги усвојува дигиталните валути. Во април, сајтот Pornhub соработуваше со криптовалутата Verge (XVG) за прифаќање на монетата како опција за плаќање и купување на Pornhub. Потпретседателот на Pornhub, Кори Чејс, изјави во соопштението за печатот:

“Историјата докажа дека индустријата за забава за возрасни игра клучна улога во усвојувањето на иновативна технологија. Го видовме тоа со VHS, Beta Max, иконите за плаќање на кредитни картички и, најновите, VR googles. Очекуваме широко да го прифатиме крипто и блокчејн во брзо време.”

 

Leave a comment