Платформа која се стреми да идентификува здравствени проблеми користејќи вештачка интелигенција, лансира алфа верзија

Платформа базирана на блокчејн која самата се претставува како “иднината на вештачката интелигенција (AI) во здравството” се подготвува да лансира алфа верзија од својата инфраструктура во следните недели.

Skychain верува дека неговиот дијагностички систем – “дистрибуирана отворена мрежа” на вештачки нервни мрежи (или на кратко ANN) – може да идентификува болести кај пациентите и да препишува соодветни третмани за неколку милисекунди, значително намалувајќи го ризикот од човечка грешка за време на клучните фази на дијагностицирање.

Во јуни, компанијата објави дека раните учесници вклучувајќи ги болниците, медицинските AI девелопери и здравствените податоци, ќе имаат целосен пристап до “целосно изграден” екосистем. Се надева дека ќе дочека десетици други учесници во втората половина од оваа година – и до моментот кога бета верзијата ќе биде објавена во декември, Skychain верува дека”се повеќе и повеќе нервни мрежи и подготвени бази на податоци” ќе бидат достапни.

Skychain сака сите нивни планови да бидат “целосно реализирани” до следното лето, кога и планира официјално да ја лансира платформата – отворајќи го патот таа да стане “лидер во медицинскиот AI пазар”. Проценките на IBM покажуваат дека оваа индустрија на крајот би можела да биде вредна 200 милијарди долари, со компанијата поставувајќи си амбициозна цел за доминација на секторот со пазарно учество од 70 проценти.

Финансиските и човечките последици од медицинските грешки

Според Skychain, медицинските грешки можат да се случат во такви големи размери што тие станаа третата најчеста причина за смрт во САД. Можеме да најдеме еден пример кога докторите анализираат рендгенски слики – со рани фази на рак на белите дробови погрешно дијагностициран во два од три случаи. Компанијата тврди дека “постојат стотици вакви случаи како овој” – наведувајќи студија која покажува дека ваквите грешки се причината што секоја година 250.000 Американци прерано умираат.

Секако, ова исто така носи економски трошоци – Здружението за управување на здравствените финансии проценувајќи дека Американската економија е во загуба 20.8 милијарди долари како резултат на погрешни дијагнози само во 2016-та година.

Skychain се стреми да го намали бројот на предвремени смртни случаи од медицински грешки за неверојатни 10 милиони во период од 10 години – и минатата година, прототип чива што AI технологија беше ставена на тест против лекарите.

Резултатот, се уште непроверен, покажува дека технологијата била поефикасна во дијагностицирањето на рак на кожа, рак на бели дробови и кардио васкуларни болести од некои “високо искусни” медицински професионалци. Како што беше објавено од Коинтелеграф во тоа време, компанијата тврдела дека на платформата и требала во просек само 0.1 секунда за нејзините системи да утврдат дијагноза – значително побрзо од тие 20 до 30 секунди кои им требале на докторите да донесат заклучок.

Skychain изјави за Коинтелеграф: “Во вистинскиот живот, медицинските професионалци може да бидат уморни или нерасположени; тие, исто така, може да го немаат потребното искуство, да специјализирале во друга област или да бидат пристрасни.”

“Секој од овие фактори може да имаат негативно влијание на точноста на дијагнозата. Освен тоа, машинскиот систем на учење може лесно да анализира лошо структуирана медицинска историја или да “прошета” брзо низ голем број на податоци.”

ICO донесе заклучок

На ICO на Skychain кој се одржуваше од 26-ти февруари до 8-ми април, компанијата успеала да продаде 10.3 милиони SKCH токени и покрај предизвикувачките пазарни услови предизвикани од падот на цената на биткоинот. Нејзиниот кориснички токен (SKCH) сега се наоѓа на листата на LIVECOIN за размена на криптовалути.

Во месеците и годините што доаѓаат, компанијата е сигурна во решавање на проблемите што го спречуваат подемот на медицинскиот AI пазар. Се вели дека инфраструктурата на Skychain ќе им го олесни пристапот на докторите кон производите на реномираните лаборатории и девелопери на невронски мрежи.

Исто така, овие програмери ќе добијат можност безбедно да ги добијат податоците што им се потребни за да ги обучуваат “ефтино и брзо” нивните мрежи.

Leave a comment