Планиран развој

• Недостатокот на информации и едукација од крипто светот во Македонија го поттикна креирањето на Facebook page-от CryptoHood @modernRobinHood. Името CryptoHood асоцира на крипто Робин Худ кој зема од богатите и дава на сиромашните.

• Facebook page-от е проследен со креирање на веб-страната www.cryptohood.mk како прв македонски крипто-портал.

• Првата фаза од развојот е инфо портал (крипто-портал) на CryptoHood кој ќе ја информира македонската јавност за сите случувања во светот на блокчејн и криптовалутите.

• Во тимот на CryptoHood имаме експерти од многу области кои повеќе од 5 години се едуцираат и занимаваат со блокчејн и криптовалути. Нашиот Доктор по економски науки е првата личност која редовно ќе пласира техничка анализа за можно движење на цената на криптовалутите.

• Нашиот тим во соработка со неколку светски крипто експерти, секој петок ќе пласира Happy Friday типови (совети) и ќе помага за нивно купување и продавање.

• Следна развојна фаза е организирање на настани и едукативни семинари за македонската јавност.

• Во оваа фаза ќе пласираме и едукативни материјали, кои ќе бидат достапни преку нашата веб-страна.

Македонска купи-продај платформа која ќе овозможи лесно купување и продавање на криптовалути, опрема и хардвер за копање (mining) и разни реквизити.

Македонска пазар (marketplace) платформа преку која македонските граѓани (купувачи) ќе можат да ги употребат криптовалутите како платежно средство за купување на добра и плаќање на разни услуги, а продавачите ќе можат да ги понудат нивните производи и услуги на продажба со било кој сооднос македонски денари и криптовалути.