Pixel-by-Pixel, нов проект нуди игра каде играчите можат да создадат блокчејн уметност

Нов проект се подготвува да биде “првата smart economy за уметност и игри на EOS блокчејн” – нудејќи игри и давајќи им можност на уметниците да ги прикажат своите креативни дела и да ја монетизираат својата страст.

PixEOS вели дека првиот натпревар на својата платформа нуди нов пресврт за цртањето на пиксели претходно видени на EOS блокчејнот. Нудејќи платно од 1 милион пиксели, PixEOS Paint нуди систем за делење профит, каде што играчите можат да обојат пиксели еден над друг и да создадат заедничко уметничко дело. Секоја игра започнува со празно платно – во меѓувреме, претходното ремек-дело е “овековечено во блокчејна галерија и станува вреден не-заменлив токен што може да се купи, стави во колекција и продаде”.

Според белата книга на проектот, играта на PixEOS Paint ќе се појави во првиот квартал од 2019-та година, најавувајќи го почетокот на уметничката платформа. Тимот се надева дека ќе изгради колектив, каде што двете групи од основани уметници и новодојденци можат да соработуваат и да се здружуваат во својата заедничка страст, со низа платформи каде креаторите можат да ги споделат идеите, да ги подобрат своите вештини и да бидат компензирани за нивната работа. PixEOS веќе има воспоставено стратешки партнерства со EOSphere, Cypherglass, TokenPocket, MeetOne и BetDice.

Охрабрување на уметниците

Платното креирано од корисниците на PixEOS е претворено во незаменлив токен кој се продава како дел од дигиталната уметност во специјално креирана галерија. На неделна основа, корисниците ќе добијат шанса да гласаат за своето омилено платно, а победничкото ќе оди на највисокиот понудувач во Аукциската куќа PixEOS.

Ова ќе биде надополнето со уметничка куќа каде крипто ентузијастите може да побараат од своите омилени уметници на платформата да креираат дела во нивно име. Преку оваа услуга, корисниците можат да нарачаат “уметнички дела, уметнички принтови, стоки и печатење по потреба на кул работи” од PixEOS талент. Белата книга додава: “Ви треба прилагодена налепница, лого, гиф, банер или било која друга креативна медиумска услуга? Можете да ангажирате еден од избраните уметници или креатори на содржини и да ја поддржите заедницата на уметници за екосистемот ЕОЅ.”

PixEOS вели дека се страстни за поддршка на крипто уметниците и имаат големи надежи дека нивната платформа ќе го олесни докажувањето на авторството како на дигитални, така и на физички дела – прашање кое е предизвик во онлајн светот.

Во последниве неколку месеци, проектот започна да работи на изградбата на својот основен тим и вели дека неговите директори се фалат  со “повеќе од 20 години искуство во брендирање, активирање, маркетинг, развој на софтвер и UI / UX.”

PixEOS велат дека ја потврдиле листата на големите берзи кои ја поддржуваат нивната заедница, со усвојувањето на платформата со текот на времето. Уметниците ќе можат да ги претворат своите креации во незаменливи токени доколку сакаат, а NFT стандардот PixEOS ќе биде ставен на располагање на екосистемот ЕОЅ во иднина.

Според компанијата, веќе има воспоставено партнерства со паричници, DApp stores, други игри базирани на ЕОS и производители на блокови за “имплементирање на здрава и долготрајна платформа” и пазар на база на блокчејн, каде што уметничките права можат да се купуваат и продаваат за употреба или колекции.

Фокусирани на заедницата

PixEOS велат дека користат организирана маркетинг стратегија за да генерираат позитивна фама во својата заедница – елиминирање на bear пазарот кој премногу често се гледа во крипто светот овие денови. Проектот планира да дистрибуира токени преку голем број натпревари – и секој 100-ти член кој се приклучува на платформата добива награда како благодарност за нивната поддршка.

Платформата, исто така, се гордееше со понудата на креативно брендирање преку осум избрани уметници и вели дека пикселираните аватари што ги создале, станаа вирални во целата заедница на ЕОЅ.

Сега, PixEOS се подготвува да започне уметнички натпревар за кој верува дека ќе биде најголем заеднички напор кој некогаш бил забележан во екосистемот ЕОЅ. Овој натпревар ќе се пофали со реномиран меѓународен панел на судии.

Leave a comment