PayPal првично имале за цел да создадат глобална валута слична на крипто, признава коосновачот

Коосновачот на PayPal, Лук Носек, изјави дека неговата фирма првично сакала да создаде дигитална валута која би била независна од банките и владите, слична на крипто. Видеото со неговите коментари беше пренесено преку крипто-стриминг сервисот Bloxlive.Tv во четвртокот, 31-ви јануари.

На панелот на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија минатата недела, Носек беше запрашан дали PayPal или WeChat Pay, in-app платежниот систем што го користи големиот Кинески месинџер, веќе ги решил различните проблеми поврзани со онлајн трансакциите, и дали исто така криптовалутите можат да ги решат тие проблеми.

Одговарајќи на тоа прашање, коосновачот на PayPal изјави:

“Многу луѓе не го знаат ова, но првичната мисија на PayPal беше да се создаде глобална валута која беше независна од мешањето на овие, знаете, корумпирани картели на банки и влади кои ги расипаа нивните валути.”

Компанијата успеа да изгради нешто економски многу моќно, продолжи тој. Сепак, PayPal никогаш не ја оствари својата првична цел и стана премногу централизиран, премногу поврзан со најголемите финансиски институции, како што се Visa, Mastercard и SWIFT, заклучи Nosek.

PayPal е должен да стори сé што е потребно за да ги задоволи тие институции, изјави Носек. “Научивме да играме”, додаде тој.

Носек, кој е и член на одборот во SpaceX и пријател на друг коосновач на PayPal, Елон Маск, жали што тој и Маск немаа доволно време да развијат нешто што би било поблизу до концептот на децентрализирана криптовалута. Нивниот неуспех да го сторат тоа, било затоа што тие биле под притисок од страна на инвеститорите да го промовираат производот што е можно поскоро, раскажа Носек.

Конечно, Носек истакна дека е благодарен на девелоперите на Биткоин и Еthereum за создавање на сопствени екосистеми и не избрзале во нивното лансирање, додавајќи дека се надева оти тие никогаш нема да имаат ист притисок од инвеститорите како PayPal.

PayPal, платниот систем чијшто активен број на корисници надмина 254 милиони во третиот квартал од 2018-та година, неодамна започна со систем за наградување базиран на блокчејн за своите вработени. Вработените во PayPal добиваат токени за учество во програмите поврзани со иновации и придонесуваат за идеи, и можат да ги разменат за повеќе од 100 “искуства” во рамките на компанијата.

Leave a comment