Paypal за крипто: до 25.000 продавници во Германија може да почнат да прифаќаат дигитални пари до 2019-та

Швајцарска стартап компанија се обидува да ги направи крипто онлајн трансакциите што поедноставни и безбедни како користењето на PayPal.

Главното обвинување на мејнстрим медиумите против крипто е дека тоа е “валута која тешко може да се потроши”. Иако, според CNBC, вкупната вредност на потрошени Биткоини за трговски услуги се зголеми на 190,2 милиони долари во 2017-та година, од 9,8 милиони долари во 2013-та година, сепак, пазарот е се уште во својата рана фаза. Според една студија објавена од страна на Банката на Холандија во февруари 2018-та година, само два проценти од онлајн продавачите прифатиле крипто, и покрај “значителниот” интерес.

API-то на UTRUST е насочено кон онлајн и point-of-sale крипто прифаќање низ целиот свет. Овој сет на алатки, исто така, ќе вклучува систем за ублажување на конфликти, заштита од chargeback и сопствена криптовалута што ја зголемува куповната моќ во рамките на платформата. Додека UTRUST има за цел да им помогне на глобалните трговци во користењето на крипто, одлучи да го започне својот бизнис во Европа.

Компанијата потпиша стратешки партнерства во Европа за да воспостави “beachhead” за понатамошно проширување. Едно од тие партнерства е Gambio.de, Германски снабдувач на решенија поврзани со е-трговија со повеќе од 25.000 онлајн продавници. Според проценките на UTRUST, продавниците со Gambio производство генерираат околу 30 проценти од приходите за е-трговија во Германија и затоа се во моќна почетна позиција за UTRUST да се прошири низ целиот континент.

UTRUST вели дека овие партнерства значат дека од првиот ден од работењето, илјадници трговци ќе можат да прифаќаат криптовалути на поедноставен начин, додека примаат fiat валути во нивните банкарски сметки. Освен тоа, корисниците на UTRUST ќе имаат пристап до свој сопствен дигитален wallet кој овозможува трансакции со никакви дополнителни трошоци. Компанијата верува дека големите количини на трговци ќе ги неутрализираат ниските бројки на користење на криптовалути, со што UTRUST ќе добие значителна позиција во крипто-економијата. Компанијата има намера да им помогне на сите бизниси со кои се поврзува, и да доживее подем со крипто бранот.

“За три години, ќе можете да плаќате онлајн [со криптовалути] кај големопродажни добавувачи” изјави Филипе Кастро, главен директор за информации за UTRUST и коосновач. “Јас силно верувам дека во иднина, за десет години, ќе се издаваат државни криптовалути од поголемите економски сили”, додаде г. Кастро. И во тој момент, UTRUST очекува да биде веќе таму за нив “на теренот”.

UTRUST протоколот, исто така, има вграден механизам за решавање спорови. Поточно, арбитрите на UTRUST може да стапат во посредништво помеѓу купувачот и продавачот, ако тие не се согласат за враќање на парите или ослободување на средствата за 30 дена.

Додека неколку компании како BitPay или Coinbase беа достојни на предизвикот за премостување на јазот помеѓу крипто и традиционалните продавачи, UTRUST се разликува како “прво решение за исплаќање во крипто кое нуди брзи трансакции, заштита на купувачите и crypto-to-cash спогодби”. На пазар кој често се смета за премногу нестабилен за трговците и корисниците, понудата да се успокојат двете страни навистина може да направи разлика.

UTRUST се надева дека ќе стане ” PayPal of Crypto”, нудејќи заштита за купувачите и продавачите. Исто така, обезбедува дополнителна корист од наплата во крипто во случај на спор. Исто така, додека PayPal ги заштитува само физичките производи, UTRUST го проширува својот безбедносен предлог да ги вклучува и услугите. UTRUST неодамна објави дека поранешниот eBay-шеф на европски партнерства и шеф на партнерства на пазари и големи претпријатија на PayPal во Велика Британија, Сања Кон, се приклучи на компанијата. UTRUST смета дека овој додаток на тимот ќе му даде многу потребна традиционална експертиза во е-трговијата и во премостување на јазот помеѓу дигиталните и fiat валутите.

Компанијата вели дека ова, во комбинација со 1 отсто трговски надоместоци, ветува дека ќе предизвика фидбек од повеќе клиенти кои ќе донесат повеќе трговци во светот на крипто, и така натаму ad infinitum.

UTRUST успешно беше финансиран со 21,3 милиони долари во крипто во 2017-та година, и е закажан за комерцијално лансирање во првиот квартал на 2019-та година. Досега, компанијата вели дека нејзиниот главен план се случува предвреме. Тоа е верувањето на компанијата дека нејзиниот систем за решавање спорови, еден процент на трговски надоместоци и едноставен интерфејс ќе бидат доволни за да ги донесат трговците и клиентите во глобалниот крипто-екосистем.

Leave a comment