Oсновачите на Onecoin обвинети во САД за спроведување на “измамничка пирамидна шема”

На 8-ми март, Министерството за правда и Канцеларијата на американскиот обвинител на Њујорк (SDNY) објавија дека официјални лица поднесоа обвиненија за двајца од лидерите на озлогласениот проект “Onecoin”. Обвинителите ги обвинија ко-основачите на Onecoin, Константин Игнатов и Ружа Игнатова, со мноштво обвиненија во врска со измама на инвеститорите. Константин Игнатов, исто така, беше уапсен во Лос Анџелес и се појави пред судија во Калифорнија.

Американските обвинители ги обвинија ко-основачите за перење пари и измама со хартии од вредност

Оваа недела Американските обвинители поднесоа обвинение кон лидерите на озогласениот проект “Onecoin”: Константин Игнатов и Ружа Игнатова. Дуото го започна проектот уште во 2014-та година со група од неколкумина за да помогне во ширењето на оваа Понзи шема. Спроведувачите на законот од различни земји го испитуваа овој случај. Исто така, Ружа Игнатова исчезнала и не била забележана повеќе од една година по купувањето на огромна куќа и јахта. Сега Министерството за правда на САД ја информираше јавноста дека Константин Игнатов е уапсен во Л.А., а двајцата лидери се обвинети за телефонски измами, перење пари и измама со хартии од вредност.

“Како што се тврди во обвинението, овие обвинети извршија стара позната пирамидална шема на нова платформа, што го загрози интегритетот на финансискиот систем во Њујорк и служеше за крадење милијарди од инвеститорите”, објасни обвинителот на округот Њујорк, Сајрус Р. Венс, Џуниор. “Нашата канцеларија ги повикува сите крипто инвеститори убаво да ги разгледаат можностите за инвестирање, да ја признаат распространетоста на измами во овој недоволно регулиран простор и да продолжат со претпазливост”.

Константин Игнатов беше уапсен во Л.А. оваа недела

“На Onecoin му недостасуваше вистински блокчејн”

Соопштението за медиумите објавено од страна на DoJ и SDNY е доста обвинувачко. Во соопштението стои дека двојката тврдела дека приватни компјутери или “сервери” ја фармале наводната криптовалута наречена Onecoin. Сепак, истражувачите тврдат дека проектот не е ништо повеќе од “измамничка пирамидална шема”. “Onecoin Ltd. функционира како мулти-левел маркетинг мрежа преку која членовите добиваат процент за регрутирање на други лица за купување на крипто пакети – Onecoin продолжува да работи до ден-денес”, се вели во соопштението.

Критиката кон наводниот блокчејн продолжи:

“Покрај тоа, Onecoin Ltd. тврди дека има приватен “блокчејн” или дигитална ledger за идентификација на Onecoins и за евиденција на сите трансакции. Истрагата откри дека Onecoin нема вистински блокчејн, односно јавен и проверен блокчејн.”

Полицијата вели дека Ружа Игнатова е се уште во бегство

Во соопштението исто така се споменува дека до март 2015-та година Ружа Игнатова и нејзиниот соучесник им рекле на некои членови на внатрешниот круг на Onecoin дека пакетите се “лажни монети”. Во еден препис од текст од неименуван ко-основач, се вели: “Овие луѓе се идиоти” а се однесува на инвеститорите. Службениците за спроведување на законот понатаму детално објаснуваа дека Игнатова исчезнала и се повлекла од јавното водење на компанијата, но Константин и понатаму го водеше Onecoin бизнисот во САД во 2019-та година. Во соопштението исто така се споменува неодамнешното апсење на адвокатот од Флорида, Марк Скот, кое се случи на 17-ти февруари, кој наводно, му помогнал на дуото да испере голема количина на незаконски средства на Onecoin. Сите тројца се соочуваат со максимална казна од 20 години затвор, но Игнатова останува во бегство.

Leave a comment