Nike и Крипто? Just do it!

Американското мултинационално претпријатие за обувки Nike.Inc поднесе пријава за трговска марка со Канцеларијата за патенти и трговски марки на САД (USPTO) за терминот “cryptokicks”. Ова покажува, според некои во крипто заедницата, дека Nike можеби планира да започне некој вид криптовалентност со ова име.

Оваа претпоставка е дополнително поттикната од содржината на апликацијата, поднесена во април, достапна за јавноста на веб-страницата на USPTO (пребарувајте “cryptokicks”.) Од ова може да се разбере дека Nike планира да понуди “финансиски услуги, имено, обезбедување на дигитална валута или дигитален токен за употреба од страна на членови на онлајн заедницата.”

Апликацијата е полна со детали и понатаму ги споменува софтверот и хардверските крипто паричници, односно: “софтвер кој може да се превземе за управување со крипто трансакциите користејќи блокчејн технологија; Превземање на мобилни апликации за обезбедување пристап до крипто-колекционерски, крипто-уметнички и апликации за токени; софтверот што може да се превземе е за користење електронска трговија, складирање, испраќање, примање, прифаќање и пренесување на дигитални валути управување со дигитални платежни и девизни трансакции […] “, меѓу многу други спецификации за евентуален иден паричник.

Покрај тоа, се чини дека Nike ќе создаде онлајн пазар за купувачи и продавачи на дигитални парични средства, на кој ќе има обувки и облека, како и веб-страница која ќе содржи онлајн огласни табли, форуми, виртуелни простории за разговор, блогови, забавни услуги, како што се онлајн игрите, итн.

Адвокатот за трговски марки и основачот на адвокатската фирма “Gerben Law”, Џош Гербен, се чини дека е прв што ја забележа апликацијата за трговски марки:

Гербен изјави за новинскиот сајт Portland Business Journal дека конкурентите на Nike имаат 30 дена да се спротивстават на оваа апликација за трговски марки. Ако апликациите се одобрени, Nike ќе има права на името “cryptokicks” четири години. Сепак, компанијата ќе мора да отпочне комерцијален производ со тоа име, со цел всушност да ја добие трговската марка.

“Ако поднесувате работи само заради поднесување на нешта, тоа непотребно ќе го преокупира системот за трговски марки.” Nike нема историја на шпекулативни поднесоци”, изјави Гербен.

Leave a comment