NBA суперѕвездата Коби Брајант ќе присуствува на Крипто Самитот како специјален гостин

Коби Брајант, двократен олимписки златен медалист и суперѕвезда на NBA, ќе се појави како гостин на NiTRON самитот во 2019-та во Сан Франциско, децентрализиран интернет-проект TRON (TRX) на 20-ти ноември.

Кошаркарскиот шампион, Коби Брајант, беше поканет на конференцијата како специјален гостин “да ги сподели своите мисли и животно искуство за да ги инспирира младите лидери и претприемачи”, се вели во соопштението.

Во соопштението се наведува дека Брајант е гостин на основачот на TRON, Џастин Сан.

Во текот на изминатите неколку години, крипто заедницата доби засилување од голем број на познати личности од целиот свет. Неодамна, Еминем во новиот албум “Kamikaze” го спомна Биткоин (BTC) како нов мејнстрим, во стилот како “сега секој прави биткоин”.

Претходно оваа година, раперот Акон, кој е автор на вкупно дванаесет Билборд топ десет хитови, ја лансираше својата сопствена криптовалута наменета за употреба во неговиот “Akon Crypto City.

Оваа пролет Мајкл Овен, поранешната фудбалска ѕвезда на Ливерпул и Манчестер Јунајтед, се здружи со Сингапурската Global Crypto Offering Exchange (GCOX) за издавање на сопствени токени, криптовалута со неговото име, објавија медиумите на 22-ри март.

И оваа есен, поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон, го одржа воведниот говор на конференцијата на Ripple за технолошки исплаќања.

Во меѓувреме, Cointelegraph објави на 17-ти ноември 2017-та година дека Комисијата за хартии од вредност и берзи (SEC) веќе предупреди дека ICO од страна на познати личности би можело да се квалификува како незаконско, истакнувајќи:

“Познати личности […] користејќи мрежи на социјални медиуми за да ја охрабрат јавноста да купува акции и други инвестиции. […] може да биде незаконско.”

Leave a comment