Mozilla Firefox лансираше заштита против крипто вируси

Еден од главните пребарувачи со софтвер со отворен код Mozilla Firefox лансираше нова заштита против злонамерните вируси за криптокрадење во својата нова верзија, според блог постот објавен на 9-ти април.

Во своите најнови верзии Firefox Nightly 68 и Beta 67, Mozilla овозможи нов степен на заштита против крипто фармањето и хакерските напади со користење на отпечатоците од прсти во Content Blocking делот за заштита.

Новата функција на пребарувачот е развиена во соработка со фирмата за заштита на приватноста и безбедноста Disconnect, и претставува збирка на црна листа на штетни домени поврзани со fingerprinting и преку крипто фармање.

Црната листа на Disconnect, наводно, е способна да блокира услуги за фармање на пребарувачот, како што се Coinhive и CryptoLoot, според весникот за технологија BleepingComputer.

Новата заштита на Firefox моментално не е овозможена по дифолт, но може да биде овозможена во делот за конфигурација за приватност и безбедност, се наведува во блогот, но додавајќи дека заштитата ќе биде вклучена по дифолт во Nightly во наредните недели.

Како што објавија медиумите на крајот од август минатата година, Mozilla веќе објави дека ќе ги блокира штетните софтвери за криптокрадење во идните верзии на Firefox.

Криптокрадење (Cryptojacking) е голема хакерска шема која е дефинирана како тајно распоредување на компјутерската моќ на корисниците за да фарма криптовалути без нивно знаење и согласност. Во декември 2018-та година, Bloomberg напиша дека криптокрадење, наводно, стана најголема сајбер-закана во многу делови на светот, откако ги надмина ransomware нападите.

Неодамна, Јапонски суд ослободи еден човек кој беше обвинет за нелегално фармање на крипто со користење на онлајн крипто фармачот Coinhive. Претходно, еден Украински граѓанин се соочи со затворска казна од шест години поради наводно поставување скрипти за штетен софтвер на неговите сопствени веб-сајтови.

Leave a comment