MIT Technology Review: блокчејн ќе стане нормализиран во 2019-та година

MIT Technology Review објави напис денес, 2-ри јануари, тврдејќи дека 2019-та година е година во која блокчејн ќе стане секојдневност. The Review е списание кое е независно, но во целосна сопственост на Технолошкиот институт во Масачусетс (МIT) во САД.

Статијата дава лаконски преглед за историјата на блокчејн, тврдејќи дека технологијата е “револуција што требаше да го наруши глобалниот финансиски систем” во 2017-та година, но дека тоа беше разочарување во 2018-та година – со акцент на значителен пад во вредноста на речиси сите крипто средства и валути базирани на блокчејн.

Сепак, Review  тврди, на прагот на новата година, многу “проекти кои звучат иновативно се се уште живи, па дури и блиску до профит”. Заедно со неколку големи корпорации со планови за започнување на големи блокчејн проекти оваа година, 2019-та година наводно, ќе биде “година кога блокчејн технологијата конечно ќе стане нормална и секојдневна работа”.

Како пример за претстојната трансформација на секторот, Review ги наведува претстојните вклучувања на некои важни играчи од Вол Стрит како што е сопственикот на New York Stock Exchange (NYSE), Intercontinental Exchange (ICE) и инвестицискиот гигант Fidelity во крипто бизнисот.

Дури и кога хајпот околу блокчејн наводно се намалува, тврдат дека нивната понуда за крипто инфраструктурата одобрена од регулаторите е една од главните причини овој сектор да стане мејнстрим.

Уште еден пример, Review продолжува, е подобрување на технологијата за smart contracts која ќе овозможи нејзина употреба во повеќе правни контексти – правејќи ја крипто изреката “кодот е закон” еден чекор поблизу до станување прифатена реалност.

Последниот аргумент на статијата е дека оваа нормализација на технологијата и секторот ќе доведе до значително преобликување на идеологијата која им ја даде на криптовалутите и блокчејн својот прв поттик. Корените на крипто како анти-владино движење се соборени, тврди статијата, со доаѓањето на националните криптовалути – без оглед дали се Petro, контроверзната криптовалута на Венецуела која е веќе спроведена, или плановите на другите држави за нивните сопствени државни монети.

Дополнителен пример е и поддршката за испитување на случајот за криптовалути на централни банки (CBDCs) од страна на шефот на Меѓународниот монетарен фонд (IMF) Кристин Лагард оваа есен.

 

Leave a comment