Mercedes-Benz ќе користи блокчејн технологија за својот синџир за снабдување

Германскиот автомобилски бренд Mercedes-Benz Car разви платформа базирана на блокчејн технологија за зголемување на транспарентноста и одржливоста во сложените синџири за снабдување, според соопштението за печатот објавено на 25-ти февруари.

Mercedes-Benz, оддел на Daimler AG, Германска мултинационална автомобилска корпорација, се здружи со софтверската компанија Icertis од САД за соработка во развојот на блокчејн технологија за употреба во синџирот на снабдување.

Mercedes-Benz објави дека тие заеднички развија и програмираа прототип со Icertis базиран на блокчејн технологија која овозможува складирање на документи и договори во сложени синџири на снабдување.

Проектот овозможува создавање на транспарентно и одржливо мапирање на сортирани документи низ целиот синџир на набавки, забележува соопштението за печатот. Страните сега влегоа во фазата на тестирање на проектот.

Нагласувајќи ја комплексноста на современите синџири на снабдување, Вилко Старк, член на управувачкиот оддел на Mercedes-Benz, вели дека блокчејн технологијата може да влијае на “скоро целиот синџир на вредности”, додавајќи:

“Блокчејн технологијата има потенцијал фундаментално да ги револуционизира нашите процеси на набавки […] Со нашиот блокчејн прототип , ние сме во првиот чекор за тестирање на една од разновидните можни намени со цел зголемување на транспарентноста надвор од нашите директни добавувачи.”

На 26-ти септември, Porsche AG, уште еден голем Германски производител на автомобили, ги објави своите планови за зголемување на инвестициите во стартапите поврзани со блокчејн, со цел да се добие пристап до трендовите, новите технологии и бизнис моделите.

Претходно овој месец, една од најголемите генерални трговски друштва во Јапонија, Itochu Corporation, официјално го објави започнувањето на proof-of-concept чија цел е развивање на блокчејн систем за следење  кој ќе им овозможи на купувачите и продавачите да ги снимаат деталите за трансакциите за снабдувачки синџири преку апликација за паметни телефони.

Leave a comment