Mastercard издаде патент за платен систем поврзан со блокчејн валути

Mastercard поднесе нов патент за заштита на потрошувачите и платежните трансакции базирани на блокчејн технологијата, според објавата на 17-ти јули од Американската агенција за патенти и трговски марки (USPTO).

Новата патентна пријава вклучува нова метод за поврзување на средствата помеѓу блокчејн и fiat-валутните сметки.

Патентот на Мastercard го опишува методот како “управување со фракционите резерви на блокчејн валутата” како и складирање на fiat валута во една централна сметка со “блокчејн валута” зачувана истата секунда. Системот ќе вклучува “изобилство на профили, секој профил ќе вклучува износ на fiat валута, износ на блокчејн валута, идентификатор на сметка и адреса”, за идентификување на корисничките сметки при трансакции.

Mastercard забележува дека комбинацијата од традиционални платежни системи со валути базирани на блокчејн “може да им обезбеди придобивки на потрошувачите и на трговците од децентрализираниот блокчејн, додека се уште ја одржува безбедноста на сметката и нејзините информации и овозможува силна одбрана од измама и кражба”.

Mastercard пишува во пријавата за патент дека новиот метод овозможува процена на веројатноста за измама или ризик поврзан со блокчејн трансакции, бидејќи постојните алгоритми за плаќање, како што се податоците за кредитни бироа или демографски информации, можат да бидат обезбедени од страна на традиционалните платежни мрежи.

Во патентот, исто така, се наведува дека методот базиран на јавен блокчејн може да го намали времето потребно за трансакција, како и да ги заштити информациите на корисниците.

Минатиот месец, Mastercard поднел уште еден патент за блокчејн систем со цел да ги забрза плаќањата и да ги направи посигурни. Компанијата за финансиски услуги исто така во април, објави патент за побрзо активирање на блокчејн јазлите.

Иако Mastercard се движи кон усвојување на блокчејн технологија преку своите патентни пријави, има негативен став во околу криптовалутите. Минатата есен, извршниот директор на компанијата ги нарече “ѓубре” невладините криптовалути.

Leave a comment