Litecoin преполовување: Се што треба да знаете пред да се случи

Што е преполовување?

Преполовување е процес што се појавува кога наградата за крипто фармање се намалува за 50%. Фармачите добиваат крипто награди за решавање проблеми што го создаваат секој нов блок на даден блокчејн. Наградите се разликуваат за секоја криптовалута. Со Litecoin, на фармачите во моментов им се доделуваат 25 монети по блок. По 5-ти август, фармачите ќе добијат само 12,5 Litecoins по блок.

Litecoin наградите се преполовуваат на секои 840,000 блока, процес што се случува на секои четири години. Блок брзината за Litecoin е приближно 2,5 минути, со создавање на околу 576 блока дневно. Еден од клучните фактори што треба да се земат предвид е дека, според кодирањето зад криптовалутите како што се Биткоин (BTC) и Litecoin, само одредена сума некогаш ќе биде исфармана. Оваа специфична карактеристика ги издвојува од девизните валути, кои теоретски можат да се печатат бесконечно.

Иако е тешко да се каже кога ќе бидат исфармани конечните Litecoin, фондацијата Litecoin проценува дека ќе биде околу 2142 година, кога ќе се достигнат максимум 84 милиони Litecoin. Од прес време, во оптек има 62.983.450 Litecoin, што претставува 74,93% од сите Litecoin кои некогаш ќе бидат исфармани. Ова остава приближно 21 милиони монети да бидат исфармани до 2142-ра година. Компаративно, се проценува дека последните неколку Бикоин (BTC) ќе бидат исфармани околу 2140-та година.

Преполовувањата се буедно следени од инвеститорите, бидејќи последователното намалување на наградите за фармање влијае на профитабилноста. Според тоа, ова има ефект врз цената. За инвеститорите, ова може да биде и лоша и добра ситуација. Според теоријата на понуда и побарувачка, преполовувањата треба да ја зголемат цената на криптовалутата. Бидејќи добиваат помалку монети по решен блок, фармачите престануваат да ги произведуваат сè додека работата уште еднаш не стане профитабилна. Бидејќи помалку монети влегуваат во оптек, цената последователно се зголемува, бидејќи побарувачката – во теорија – ќе ја надмине понудата. Иако ова звучи како сигурна победа за инвеститорите, преполовувањата можат да донесат уште поголема нестабилност на веќе нестабилниот пазар.

Претходните преполовувања предизвикаа интерес кај инвеститорите, а претстојниот настан на Litecoin не е исклучок. Според Google Trends, пребарувањата за “Litecoin halving“ се дуплирале помеѓу 9-ти и 15-ти јуни, иако податоците покажуваат дека овој тренд повторно се зголемува.

Пребарувањата за “Litecoin halving” на Google се типично побројни од пребарувањата за Litecoin, иако овој тренд се врати од 30-ти јули.

Што може да се случи?

Пред да се случи преполовувањето, фармачите ги подобруваат операциите за да ги зголемат своите приноси сè додека целиот процес стане непрофитабилен. Фармачите треба да инвестираат во моќна, специјализирана опрема за да ги преземат компјутерските предизвици потребни за создавање блокови. Како што се зголемува тешкотијата за фармање на блокови, така се зголемуваат и трошоците за електрична енергија. Фармањето повеќе не е игра за индивидуалните хобисти, при што дури и најголемите крипто фарми се борат да останат профитабилни за време на таканаречената крипто зима од 2018-та година. Фармањето сега е голем бизнис, а бизнисите треба да остварат профит. Значи, кога профитабилноста паѓа, активностите имаат тенденција да престанат.

Фактот дека фармачите ќе ја почувствуваат промената по преполовувањето не е тајна, при што креаторот на Litecoin Чарли Ли предвидува дека многумина ќе престанат со работа по 5-ти август. Ли изјави за Австралискиот крипто новински сајт Mickey дека преполовувањето на блок-наградите за 50% секогаш има влијание за фармачкиот екосистем на Litecoin:

„Кога наградите за фармање ќе се намалат на половина, некои фармачи нема да бидат профитабилни и ќе ги исклучат машините. Ако голем процент го стори тоа, тогаш блоковите ќе забават некое време. За litecoin се потребни три и пол дена пред следната промена, па според тоа можеби и седум дена побавни блокови, а после тоа, тешкотијата ќе се корегира и сè ќе биде подобро“.

По преполовувањето на Litecoin во 2015-та година, цената на монетата се искачи во јули истата година пред да опадне на скоро 50% од својата вредност до моментот на намалување на наградата, кулминирајќи со намалување од 75% последователно, пренесува Mickey. Наим Аслам, главен аналитичар на пазарот во ThinkMarketsFX, изјави за медиумите дека намалувањето на блок-наградите за фармачите е ефикасен процес на филтрирање и се согласи дека ефектот врз цената е обично позитивен:

„Намалувањето на поттикот за фармачите е добро за LTC, затоа што само сериозни луѓе ќе останат во просторот. Што се однесува до ценовната акција, тешко е да се предвиди и зависи многу од чувството, но обично овој вид на дејствување е позитивен за цената“.

Ако цената рипне по преполовувањето, хаш стапката на мрежата ќе почне да слабее, бидејќи фармањето започнува да се прекинува, оставајќи ги во функција само најголемите крипто фарми. Откако стапката на хаш паѓа под одредена точка, тешкотијата за фармање ќе се корегира и прилагоди и помалите фармачи ќе можат повторно да започнат со фармање.

Набавка и побарувачка: Експертите предвидуваат

И покрај тоа што се смета дека намалувањето на настаните резултира во зголемување на цената на дадената криптовалута, експертите на пазарот не предвидуваат драматични промени во вреднувањето. Мати Гринспен, постар аналитичар на пазарот во eToro, изјави дека настаните со преполовување обично се преценуваат пред тие да се случат:

„Се чини дека е случај и овде. Litecoin најмногу се истакна од остатокот од пазарот за време на годинешното искачување, а некои велат дека тоа бешеглавната причина за искачувањето во првата половина на оваа година. Тешко е да се каже како или дури дали воопшто цената ќе реагира на настанот на краток рок. Долгорочно, намалената понуда поддржува повисоки цени додека се друго е распределено еднакво“.

Гринспен предвидува дека нема да има многу изненадувања во фармачката активност, делумно поради скриптниот алгоритам на Litecoin:

„Скриптниот алгоритам на Litecoin е прилично уникатен, така што хардверот што се користи за фармање не е лесно прилагодлив за фармањето на други токени. Затоа, таа не ја има истата конкуренција во однос на хаш стапката. Јас мислам дека LTC фармачите имаа доволно време да се подготват за преполовување, така што не треба да гледаме поголеми промени“.

Друг крипто трговец и технички аналитичар изјави:

“Не мислам дека преполовувањето на LTC може да биде како тест за Биткоин, поради тоа што 95% од трговците / инвеститорите не се свесни за преполовувањето на LTC или не знаат што тоа значи. Ако се случуваше истото со Биткоин тоа ќе беше целосно опфатен настан, сите ќе беа свесни што се случува и зашто“.

Leave a comment