LibraVista го лансираше првиот паричник на Facebook Libra Testnet

LibraVista (libravista.com), блокчејн стартап кој има за цел да придонесе за екосистемот на Facebook Libra, најави дека ќе го објави првиот Libra дигитален паричник на Testnet на 21-ви јули.

Libra е нова криптовалута развиена од Facebook, а нејзината мисија е да обезбеди стабилна и глобална финансиска структура за милијарди луѓе. Слично на другите криптовалути, на корисниците им е потребен клиент на паричник за да креираат Libra акаунти и да уживаат во најновата блокчејн технологија. LibraVista Wallet е прв паричник за Libra на Testnet кој ќе служи како влез во светот на Libra. Развиен од тимот на TokenClub (https://tokenclub.com/), во моментов, поддржува iOS, Android и web (https://wallet.libravista.com/) платформи.

LibraVista паричникот има неколку клучни функции за новите корисници на Libra:

  • Создавање на Libra акаунт;
  • Изнесување / внесување на постоечкиот акаунт;
  • Испраќање и примање на Libra монети;
  • Листа на биланс на сметка и историја на трансакции;
  • Генерирање на QR код од акаунтот;
  • Креирање нови монети на Libra Testnet.
Скриншоти од LibraVista Wallet за Android

Како што може да се види на скриншотот од LibraVista паричникот, неговиот дизајн е едноставен и директен. Со кликнување на копчето “Create a New Wallet”, можете веднаш да го имате вашиот сопствен Libra акаунт, а билансот и последните трансакции на вашата сметка се достапни на клиентот во реално време. Бидејќи Libra е се уште на Test Network, на секого му е дозволено да креира нови клучеви и да ги пренесе на личниот акаунт. Од друга страна, испраќањето и примањето на пари лесно се завршува на клиентот на паричник. За подобар пренос на пари, се генерира QR-код за лице-в-лице плаќање. На пример, кога купувате кафе, наместо рачно да внесувате адреса на сметката, корисникот може да плати со скенирање на QR-кодот на сметката на продавачот.

Скенирајте за да го превземете LibraVista Wallet за iOS и Android

Безбедноста е секогаш клучна грижа за клиентот на крипто паричник. Како одговор на овој проблем, LibraVista Wallet поддржува офлајн режим. Создавањето, внесувањето и изнесувањето на акаунтот може да се направи офлајн за да се избегне потенцијално хакирање на тајниот клуч.

Што се однесува до следниот чекор на  LibraVista Wallet, Тонг Гао, коосновачот на LibraVista и TokenClub, вели дека планираат да ја поддржат Libra Main Network штом ќе биде подготвена. Исто така, таа се надева дека се повеќе и повеќе луѓе можат да имаат корист од Libra со LibraVista Wallet.

Leave a comment