KAKAO EYING ПЛАНИРА ДА ГО ПОСТАВИ KLAY TOKEN НА КИНЕСКА БЕРЗА

Јужнокорејскиот гигант КAKAO планира да го постави својот KLAY TOKEN на две берзи – едната кинеска и другата домашна.Објавата е од корејската новинска агенција News1, но не се откриени имињата на берзите на кои ќе биде поставен токенот.

И покрај тоа што е еден од најголемите конгломерати во земјата, КАКАКО се соочува со реакција од локалните власти за да ја постави својата дигитална валута на официјалната јужнокорејска крипто-размена.  Оваа поставување на домашната размена се соочува со пречки бидејќи проектот собирал пари од странски инвестиции преку својата канцеларија во Сингапур.

Јужнокорејскиот интернет гигант во своја сопственост ја има една од најчесто користените платформи за пораки наречена KakaoTalk со околу 400 милиони пријавени корисници.

За да може да го интегрира својот токен во платформата за инстант пораки, преку подружницата GroundX со седиште во Јапонија, KAKAO развива платформа за wallet наречена Klip,која ќе го поддржува KLAY . Овој wallet се очекува да биде достапен на пазарот во четвртиот квартал од оваа година.

Компанијата започна со инвестиции во „blockchain“ и „crypto“  индустријата во 2018 година и кон крајот на истата година ги објависвоите планови да собере 300 милиони американски долари преку Ground X. ВоMарт 2019  „Finance Magnates“ објави декакомпанијата обезбедила 90 милиони американски долари преку (ICO).

Јужна Кореја во Септември 2017 издаде забрана за blokchain компаниите да го користат нерегуларниот  ICO за да собираат средства изразени во милиони, а без при тоа да имаат работна верзија на нивниот децентрализиран производ или услуга. Властите, истотака, ги заострија правилата за отворање на банкарски сметкисо цел да понудат fiat – crypto размени.

Неодамнешниот извештај на“Business Koreaоткри дека 97 % од берзите за крипторазмена во Јужна Кореја се соочуваат со финансиска криза и се на работ на банкрот заради нискиот обем на тргување на нивните платформи. Истотака, поради локалните ограничувања, повеќето од blockchain проектите во Јужна Кореја претпочитаат да ги поставуваат своите монети на берзите надвор од Јужна Кореа или на таканаречените прекуокеански берзи.

Тимот на Cryptohood Ви препорачува да ја посетите страната klaytn.com каде можете да ги видите сите информации околу овој токен и каде што ќе се објавуваат сите новости за KLAY.

Извори: Finance Magnates, Business Korea

Leave a comment