Kakao тврди дека нивниот нов блокчејн е 15 пати побрз од Eтереум

Јужнo Корејскиот провајдер на апликации за пораки, Kakao, тврди дека нивната неодамна лансирана блокчејнa мрежа Klaytn, е до 15 пати побрза од етерум.

Како што објави The Korea Herald во вторникот, блокчејн подружницата на Kakao, GroundX одржа прес-конференција во главниот град на Јужна Кореја Сеул, тврдејќи дека, додека Klaytn може да фарма блок за само една секунда, на етереум му требаат 15 секунди за истото.

Како резултат на брзата обработка на мрежата, понудата на Kakao се вели дека обезбедува проток на 300 трансакции во секунда, споредено со 20 трансакции на етерум во секунда, се вели во извештајот.

Извршниот директор на Ground X, Хан-Џаи-сун изјави:

“Верувам дека тоа ќе биде првичната верзија на мобилната [блокчејн] услуга. Со намаленото време за одговор, многу проекти за кои верувавме дека се неостварливи, сепак на крајот би можеле да се остварат.”

Ground X го објави лансирањето на главната мрежа Klaytn на 27-ми јуни, велејќи дека блокчејнот има за цел да помогне за масовно усвојување на блокчејн услугите.

Според својата бела книга, Klaytn е дизајнирана со хибриден пристап кој ги усвојува концептите на консензуални јазли (CNs) и рејнџер јазли (RNs) за да се постигне истовремено приспособливост и транспарентност.

CNs се поканети партнери на мрежата кои заедно формираат приватни блокчејни, кои ги групираат и потврдуваат трансакциите со водење на консензуален Byzantine алгоритам за грешки (BFT). Било кој од јавноста може да се поврзе со мрежата и да учествува како RN, на кои им е доделена обврска за двојни проверки на блокови кои биле пропагирани од страна на CN.

Со соопштението, GroundX изјавија дека големите фирми како LG се приклучија на управниот совет за Klaytn и дека голем број проекти веќе се градат со новиот блокчејн и ќе бидат објавени до крајот на јули.

Leave a comment