Kо-основачот на Етереум, Џозеф Лубин: блокчејн ќе биде голем дел од економијата за 10-20 години

Ко-основачот на Eтереум (ETH), Џозеф Лубин, изјави дека очекува глобалната економија да биде 10 пати поголема за 10 до 20 години, кога блокчејнот ќе биде целосно разгранет, и тој ќе биде вклучен во поголемиот дел од неа. Лубин ја даде оваа изјава на конференцијата SXSW во Остин на 14-ти март.

За време на истиот главен настан, Лубин, исто така, истакна дека исто како што денес нема многу “нормални” луѓе кои користат системи базирани на блокчејн, така во “во 1983-та немало многу ‘нормални’ луѓе кои праќале е-мејлови околу нас.”

Тој исто така ги повтори ветувањата на Ethereum 2.0, наведувајќи дека постојат многу неефикасности присутни во Биткоин (BTC) и тековната верзија на Ethereum кои Ethereum 2.0 нема да ги има:

“За Биткоин и во моментов за Етереум, треба да имате специјализиран хардвер, кој при пресметките троши премногу електрична енергија, и во основа да ги држите сите синхронизирани. [Со Ethereum 2.0, за 18 месеци] ќе имаме многу помоќен и скалабилен блокчејн систем, кој користи помалку енергија за наредби.”

Како што неодамна извести Cointelegraph, Лубин, исто така, изјави дека создавачите на содржини и новинарите можат да имаат корист од блокчејн технологијата и децентрализацијата.

Leave a comment