Kо-основачот на Етереум го критикува Libra токенот на Facebook за централизацијата

Ко-основачот на Етереум, Џозеф Лубин изјави дека токенот на Facebook е како “централизиран волк во децентрализирано овчо руво” во една статија објавена во новинскиот портал за технологија Quartz на 21-ви јуни.

Гигантот на социјалните медиуми објави бела книга за неговата криптовалута наречена Libra претходно овој месец, и доби мешани критики од експерти во крипто и блокчејн индустријата и загриженост од владините регулатори.

Во својата статија, Лубин забележува дека белата книга на Libra ги опишува чувствата кои се чести меѓу многуте во крипто заедницата. Во неа се наведува дека “испраќањето пари низ целиот свет треба да биде едноставно и евтино како испраќање на порака од вашиот телефон”, и “финансиската инфраструктура треба да биде глобално инклузивна и да се управува како јавно добро”.

Спомнувајќи го тврдењето на белата книга дека “Луѓето ќе имаат поголема доверба во децентрализираните форми на владеење”, Лубин ја истакна потребата корисниците да имаат доверба во девизната валута на Libra и поддршката на владините обврзници, а трговците да веруваат дека мрежата ќе работи одговорно. Покрај тоа, Лубин ја истакна нејзината централизирана инфраструктура:

“Можеби најважно, на Libra и треба нашата доверба дека на крајот ќе премине кон “децентрализиран систем” кој не бара одобрение за влез, со што секој може да ја валидира мрежата, наместо рестриктивните критериуми за оценување на членовите, кои ја префрлаат контролата во рацете на првичните 28 фирми”.

Сепак, Лубин признава дека тој гледа нешто добро во проектот. Тој вели дека за неколку години Libra може да брои два милијарди корисници, а корисничкото крипто искуство (UX) може да биде значително подобрено во процесот:

“Управувањето со приватните клучеви, разбирањето на “плаќањата со гас” и инсталирањето на крипто приклучоците на интернет пребарувач може да стане едноставно како притискање на “испрати” во WhatsApp, друг ентитет во сопственост на Facebook.”

Лубин, исто така, тврди дека девелоперите во Етереум ориентираната компанија за развој ConsenSys веќе го анализирале кодот и забележале дека проектот позајмува многу идеи од самиот Етереум. И на крај, тој напоменува дека очекува Libra од техничка гледна точка да биде да биде добро изработена.

Како што објавија крипто медиумите, гувернерот на Резервната банка на Австралија, Филип Лоу, предупреди дека најавената валута на Libra на Facebook можеби нема да достигне мејнстрим употреба во блиска иднина.

Исто така, претходно оваа недела беше формирана работна група од Г-7 за да се испита како централните банки можат да ги регулираат криптовалутите.

Leave a comment