JP Morgan: Блокчејн ќе ја замени постоечката технологија

Главниот информатички службеник на JP Morgan, Лори Бир, на прес-конференција во Буенос Аирес изјави дека блокчејнот ќе ја замени постоечката технологија за неколку години, според аргентинската веб-страница Cripto247 на 23-ти август.

“Ќе видиме поголема и поширока употреба на блокчејн […] За неколку години блокчејн ќе ја замени постоечката технологија, денес таа само коегзистира со сегашната”, изјави Бир.

Бир објасни за Cripto247 дека JP Morgan користи блокчејн технологија за да го “поедностави процесот на плаќање и да ги зачува информациите на клиентите поврзани со политиката на KYC (Know Your Customer).” Таа додаде дека блокчејн технологијата помага да се спречи перењето на пари. Бир понатаму ја објаснува употребата на блокчејн технологијата од страна на банката:

“Ние во моментов следиме многу патеки. Ние измисливме блокчејн со отворен код базиран на Ethereum. Самата блокчејн технологија сé уште не ги реши проблемите со приватноста и приспособливоста што ни се потребни. Поврзани сме со Hyperledger и Enterprise Ethereum Alliance. Примената на оваа технологија во бизнисот е поважна за нас отколку самата технологија. Ние не бараме само намалување на трошоците, туку и можности за развој на новите производи.”

Бир беше прашана и за позицијата на JP Morgan за купување на криптовалути. Таа објасни дека банката поддржува само она што е регулирано и има специјалисти кои “оценуваат што се случува” со виртуелните валути. Кога беше запрашана за институционалната позиција во однос на ICO, Бир не сакаше да одговори.

Претходно во август, Cointelegraph објави дека извршниот директор на JP Morgan Chase, Џејми Димон, е оптимист во врска со блокчејн. “[JPMorgan] тестира [блокчејн] и ќе го користи за многу работи”, рече тој.

Во мај, JP Morgan Chase поднесе патент за peer-to-peer мрежа за плаќања базирана на блокчејн, која може да се користи за внатрешни и меѓубанкарски порамнувања. Патентната апликација предлага користење на дистрибуиран ledger за процесирање на плаќањата во реално време, без да се потпира на доверлива трета страна да ја задржи вистинската “златна копија” на ревизорската патека.

Leave a comment