Jaguar Land Rover планира да им даде крипто на возачите во замена за нивните податоци

Jaguar Land Rover наскоро ќе им овозможи на возачите да добијат крипто награди во замена за споделување на нивните податоци.

Автопроизводителот моментално ја проучува блокчејната технологија, овозможувајќи им на корисниците да можат директно од своите автомобили автоматски да ги пријавуваат податоците за состојбата на патот, како што се сообраќајниот метеж, до навигациските провајдери или локалните власти и за возврат да добиваат IOTA токени. Иницијативата доаѓа преку партнерство со непрофитната IOTA Foundation, изјавија од Jaguar Land Rover во понеделникот.

Користејќи ја “smart wallet” технологијата, крипто приходите потоа можат да се искористат за да се купи кафе или да се плаќаат патарини, паркинг и електрично полнење во движење, соопшти компанијата. Паричникот, исто така, може да се наполни со користење на конвенционални методи за плаќање.

Од Јагуар изјавија дека нивните автомобили ќе бидат опремени со интернет на нештата (IoT) сензори за да обезбедат податоци преку дистрибуираниот ledger на IOTA наречен “Tangle”, вклучувајќи ги и пораките. Ова потоа ќе се пренесе до соодветните градски власти. На пример, автомобилите можеле да комуницираат ако дрво го блокирало патот или се случила сообраќајна несреќа, како и да обезбедат поточни локализирани временски извештаи.

Тестот го спроведува центарот за софтверско инженерство на Jaguar во Шенон, Ирска, кој веќе ја интегрираше технологијата на неколку возила, вклучувајќи ги и Jaguar F-PACE и Range Rover Velar.

Софтверскиот архитект Расел Викерс изјави:

“Во иднина, автономниот автомобил би можел да се вози самиот кон станица за полнење, надополнување и плаќање, додека неговиот сопственик би можел да избере да учествува во споделбеното стопанство – заработувајќи награди од споделување на корисни податоци, како што се предупредување на други автомобили околу сообраќајните метежи.”

Назад во 2017-та година, блокчејн стартапот DOVU поддржан од Jaguar Land Rover, исто така, планираше да лансира блокчејна платформа за да ги награди корисниците за споделување податоци за мобилноста, како што се локацијата, поминатите километри и временските услови.

Leave a comment