IT гигантот Оracle го потврди официјалното лансирање на својот Blockchain Cloud Service

Мултинационалната компанија за компјутерски технологии Oracle, со седиште во САД, го потврди издавањето на својата блокчејн платформа во официјалното соопштение за печатот на 16-ти јули. Лансирањето следи по серија обиди со банкарски, деловни и владини клиенти.

Oracle Blockchain Cloud Service (OBCS) се фокусира на ефикасноста на трансакцијата и автентикацијата на синџирот на снабдување, користејќи ја Hyperledger Fabric како основа.

Веќе постоечките корисници на pre-release верзијата на производот се Arab Jordan Investment Bank (AJIB), Indian Oil и Nigeria Customs, според соопштението за печатот.

“Блокчејн како технологија ветува дека ќе биде една од најтрансформативните на нашата генерација”, рече извршниот потпретседател на Oracle Cloud Platform, Амит Завери.

“… Со платформата на Oracle, претпријатијата можат да го подобрат својот бизнис, да ги елиминираат непотребните процеси и да се справат полесно со нивните дистрибуирани мрежи, потранспарентно и посигурно од кога било досега.”

Oracle не е сам во своите напори да го искористи блокчејн во синџирот на снабдување и за рационализирање на трансакциите. Accenture исто така вложува напори и е сконцентриран да даде слични резултати таргетирајќи ја воздушната индустрија. Истото тоа  се случува и со Hyperledger Fabric.

Меѓу банките, сегашните перцепции за блокчејн се измешани, а некои институции ја доведуваат во прашање вистинската вредност на технологијата во банкарскиот сектор.

Во врска со трансакциите, другите пак се позитивни. AJIB го пофалија Oracle по користењето на pre-release верзијата на cloud платформата.

“Блокчејн платформата на Oracle ни помогна да ја минимизираме комплексноста на електронските трансфери на фондовите со намалување на трошоците, зголемување на ефикасноста и нивоата на безбедност и конечно подобрување на целокупното искуство на клиентите”, рече заменик-генералниот менаџер за информатичка технологија и безбедност, Ајман Кадоуми.

Leave a comment