Intuit доби патент за обработка на Bitcoin плаќања преку смс пораки

Деловната и финансиска софтверска компанија Intuit со седиште во Калифорнија, има добиено патент за обработка на биткоин плаќања преку смс порака.

Патентот, објавен од страна на U.S Patent and Trademark Office (USPTO) во вторникот, објаснува како системот на виртуелни сметки може да им овозможи на двајца корисници да префрлаат средства користејќи мобилни телефони. Компанијата прв пат поднела патент во 2014-та година, кратко време откако ја лансира својата QuickBooks Bitcoin Payments услуга, биткоин трансакциски процесор кој малите бизниси би можеле да го користат за прифаќање на биткоин наместо fiat валути.

Како што е наведено во апликацијата:

“Пронајдокот се однесува на методот за обработка на плаќањето. Методот вклучува примање преку платежна услуга од мобилен уред на исплатувачот, текстуална порака за исплата која го содржи износот на исплатата и идентификатор на мобилниот уред од кој се плаќа.”

Во неа продолжува да се објаснува валидацијата на смс пораката за плаќање би се направила на повеќе различни начини.

Се бара да се испрати “барање на лозинка поврзано со акаунтот на корисникот” за да се процесира плаќањето. Друг начин ја зема предвид употребата на говорна пошта како понатамошна валидација со испраќање на “говорни телефонски повици кои автоматски се исклучуваат од страна на услугата за плаќање без одговарање”.

Ваквите неодговорени говорни повици ќе дејствуваат како потврда на сите веродостојни смс-ови за исплата чија цел е да се разликуваат од потенцијална закана како “случајна порака или спам порака испратена од машина”.

Компанијата одамна е во потрага по подобрување на пристапот до процесорите за плаќање на биткоин. Додека го лансираше QuickBooks во 2014-та година, компанијата продолжи да развива платформа за плаќање, со неодамнешната соработува со провајдерот за исплати Veem за овозможување на меѓународни плаќања со криптовалути.

Leave a comment